- Дома
- Возила
- КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА
- Citroën Jumpy
ПРЕДНОСТИ
Откријте повеќе за Citroën Jumpy преку видео
Citroën Jumpy е дизајниран од светот на патнички автомобили и светот на SUV. Неговиот стил е флуиден, без агресивност и наметнува доверба и робустност. Неговиот карактер? Воедно енергичен и смирувачки! На предната страна, има краток капак изработен хоризонтално и поддржан од високо поставени фарови, што остава впечаток на доминација на патот.
ДИМЕНЗИИ
Оваа нова генерација на Citroën Jumpy со оптимизирана архитектура за поголеми и покорисни перформанси и карактеристики, повеќе комфор и сигурност. Располага со најнова технологија од последната генерација за помош во возењето и мотори кои го прават идеален партнер.
Jumpy располага со три должини и автоматско отворање на страничните лигачки врати (во опционал).
● Корисна носивост до 1400 kg
● Корисна зафатнина до 6,6 m³
● Корисна должина до 4 m
● Корисна ширина помеѓу премини на тркала од 1,25 m
МОДУЛАРНОСТ: МОЖЕ ДА НАПРАВИ СÈ
Како партнер во секојдневието, Citroën Jumpy нуди верзии со различни должини – XS, M и XL прилагодени на потребите за различни активности, на градилиштата, на пат и во град. Со верзиите Confort и Club се комплетира овој комерцијален опсег. Останува на вас да го одберете оној кој најдобро одговара на вашите потреби.
Jumpy? СЕКОГАШ ПОВРЗАН!
Citroën Connect Nav * (1) системот на поврзана навигација во 3D, располага со гласовно препознавање во реално време, контролиран со препознавање на глас или преку таблетот на допир 7’’.
Благодарение на Mirror Screen ** (2), вашите компатибилни апликации се појавуваат на таблетот на допир од 7’’ на вашиот автомобил. Mirror Screen функционира со Apple CarPlayTM и MirrorLink®.
* Во согласност со верзијата.
** Со компатибилен телефон.
16 ТЕХНОЛОГИИ НА СИГУРНОСТ ПОМОШ ВО ВОЗЕЊЕТО И БЕЗБЕДНОСТ
16 технологии на помош при возењето, кои секојдневно нудат гаранција и безбедност во возењето: благодарение на камерата за движење наназад, со Top Rear Vision, надополнето со препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзината и препораки, предупредување за опасност од удар или со систем за нагло сопирање-Active Safety Brake. Возете со леснотија.
JUMPY COMBI
ДО 9 ЛИЦА ВО КАБИНАТА
Citroën Jumpy Combi е идеален за компании кои работат со превоз на патници. Во него може да се сместат до 9 лица и нивниот кабински багаж, со компактна големина XS до XL .
Citroën Jumpy Combi нуди различни „à la carte” конфигурации на седиштата. Сите задни седишта* може да се отстранат со што се добива зафатнина на багажен простор од 4.50 m3 кај верзијата со должина XS и до 6 m3 кај верзијата со должина XL. За олеснет пристап до третиот ред, седиштата во вториот ред може да се склопат со едноставен потег, ослободувајќи простор во голема мера.
* Опционал
ДЕТАЛИ
ДИМЕНЗИИ
Citroën Jumpy е достапно во 3 должини. Покрај двете должини наречени М (4,95 m) и XL (5,30 m), овој фургон е достапен и во должина XS од 4,60 m, истовремено компактна и практична.
Како и со другите две должини, М и XL, XS нуди корисна носивост до 1400 кг.
За сите ситуации! Благодарение на својата висина ограничена на 1,90 метри на сите верзии на XS и M (1,94 м за верзијата XL), Citroën Jumpy ви гарантира лесен пристап до сите видови на паркинг места.
Функцијата “Hands free функција за странични лизгачки врати*” Ви овозможува да ги отварате и затварате страничните врати без контакт, со едноставен допир на ногата под задниот браник до саканиот отвор.
* Во согласност со верзијата.
CITROËN КОМФОР ВО НАСЛЕДСТВО
Citroën Jumpy нуди исклучително удобно возење, без оглед на условите на патот, благодарение на водечката опрема која обезбедува прецизно управување и одлична амортизација.
Комфорот на Citroën ви стои на располагање!
● Ергономски дизајнирани предни седишта, прилагодливи во висина и должина.
● Висока позиција за возење за да доминира на патот.
● Платформа за лесен пристап до кабината
● Задна застаклена врата* за да се оптимизира термичка и акустична изолација.
* Во согласност со верзијата
Кабината Citroën Jumpy е дизајнирана како мобилна канцеларија:
● Приспособлив таблет на допир* е распореден пред контролната табла.
● Напојување преку USB * близина.
● Поддршка за паметен телефон** со интегрирано напојување.
Citroën Jumpy е вистински сојузник на вашата секојдневна работа.
* Во согласност со верзијата
** Во дополнителна опрема.
Постојат бројни прегради за складирање во кабината Citroën Jumpy:
● Долна преграда опремена со приклучок и 12V приклучници,
● USB приклучок (во зависност од верзијата),
● Голем простор за складирање под совозачкото седиште,
● Држачи за чаши на контролната табла,
● Централен простор за отворен дел за складирање,
● Два големи џебови на предната врата.
Citroën Jumpy кај своите фургон верзии нуди 2 типа на облоги за внатрешноста на товарниот простор: обично дрво и обложено и заштитено дрво (заштита од лизгање и заштита со алуминиумски носачи на прагот, водоотпорно и лесно за одржување ). Бројни можности за заштита на товарниот простор со заштитна плоча на страните и на премините на тркалата.
МОДУЛАРНОСТ
Благодарение на специјалната преграда и модуларноста на страничното совозачко седиште, Moduwork гарантира дополнителен слободен товарен простор со рамна плоча. Со мрежната заштита од пролизгување од возачката страна, Moduwork ја зголемува товарната должина за дополнителни 1,16 m ( до 4 m корисна должина кај верзијата XL)
Нема веќе потреба од бирање помеѓу превоз на патници и превоз на товар: со продолжените каабини* кои гарантираат превоз до 6 лица, а во исто време нудат и корисна зафатнина на товарниот дел до 4 m3. Просторот под патничката клупа овозможува транспорт на предмети со должина до 2.40 m.
● Фиксна длабока кабина (1)
● Продлабочен товарен простор (2 + 3)
* Во опционал.
Citroën Jumpy Combi нуди разни конфигурации “à la carte” кога се во прашање седиштата. Сите задни седишта* можат лесно да се отстранат се со цел да се добие волумен од 4.50 m3 кај должината XS се до 6 m3кај должината XL. За да се олесни пристапот до 3-от ранг, 2-от ред седишта може да се преклопат со едноставен потег, а да се ослободи голем простор од преминот.
* Во опционал.
16 ТЕХНОЛОГИИ ЗА СИГУРНОСТ И ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕТО
Citroën Jumpy, исто така, значи релаксирано, лесно и безбедно возење. Како и корисни секојдневни функции како што се влегување и стартување без клуч, странични лизгачки врати, Citroën Jumpy исто така нуди и технологија за олеснување на патувањето.
● Grip control
● Автоматско менување на светла
● Статичко осветлување на свиоци
● Прилагодлив регулатор на брзина
● Предупредување за опасност од судар.
● Heads up color display
● Coffee Break Alert
● “Attention driver” warning
● Систем за надгледување на мртвиот агол
● Предупредување за ненамерно преминување коловозна линија (ALDWS)
● Препознавање на сообраќајните знаци за ограничување на брзината и препораки
● Контрола на стабилност при влечење
● Active safety brake-систем за нагло сопирање
● Hill start Assist-Помош при тргнување по нагорнина
● Камера за движење наназад со Top Rear Vision
● Влез и стартување на возилото без клуч