ПРЕДНОСТИ

Квалитет

Квалитет која заслужува доверба на сите професионалци: над 4 милиони км изминати за тестирање на неговите технички капацитети. Редизајнирање на формата на ветробранското стакло и шарките на вратите

qualite

ПЕРФОРМАНСИ

Перформанси

Специјални тестови се реализирани :
– 30 000 km на деградирана подлога, на празно и натоварен, за структура на каросерија, поголем комфор и издржливост;
– 1 000 поминувања преку водена површина од 10 cm за проверка на непропустливоста, и тест на помала длабочина на солена вода во тунел за тестирање на отпорност на корозија ;
– повеќе од 500 тест циклуси на подлога со низок коефициент на прилепување, за проверка на држење на патот ;
– 500 000 тест циклуси за отворање/насилно затворање на вратите што одговара на период од 10 години.

Jumper_PerformancesEprouvées

ДЕТАЛИ

Новиот CITROËN Jumper го поседува најдоброто од марката во смисла на архитектура, ергономичност, сигурност и економична употреба.

Оваа нова верзија е доказ за издржливост и цврстина како и лојалност во сите предизвици, со релаксирана употреба и возење во секојдневните активности.

Со Нов Jumper, партнерот во Вашиот бизнис, CITROËN отиде многу подалеку и понуди поголем квалитет, поубав дизајн, повеќе комфор и повеќе корисна технологија … со контролиран буџет.

 

Новиот CITROËN Jumper располага со гама која се структурира околу богата понуда на верзии  со 4 должини на Фургони (L1, L2, L3, L4) на 3 меѓуоскини растојанија (3 m, 3m45, 4m04) и 3 висини (H1, H2, H3). Вкупно, CITROËN Jumper се нуди во 8 верзии на фургони од 8 до 17 m3.