ОПРЕМА 

  • CHIC

    Цена од 29900€
    Мотори: e-HDi115 BMP6
    – Автоматска паркинг сопирачка,
    – Автоматски двозонски клима уред,
    – Автоматско активирање на светла и бришачи,
    – Воздушни перници за возач и совозач,
    – Странични хромирани лајсни,
    – Странични воздушни перници и воздушни завеси,
    – Дополнително затемнети задни странични стакла

    и стакла на 5‐та врата,
    – Двојни хромирани издувни цевки,
    – Електрично прилагодливи и греени надворешни

    ретровизори со LED трепкачи за правец,
    – Ел.регулатори за сите стакла со секвенцијално

    подигање и спуштање и заштита од приклештување,,
    – ESP + ABS + REF + AFU системи за безбедно управување,

    – Хромирана декоративна карактеристична лајсна

    напред странично,
    – LED дневни светла + светлосен потпис напред и назад,
    -Тркала од лесна легура 17″” Houston (кај e‐HDi 110 тркала од лесна легура 16″” Airflow),
    – Стартување на возилото без потреба од вбравување на клучот,
    – Патен комјутер,
    – Радио CD MP3 bi‐tuner со 6 звучника со команди на управувач + AUX и USB приклучоци,
    – Регулатор/лимитатор на брзина со меморија,
    – Сет за санирање на дупнат пневматик,
    – Потпирач за раце со отвор за долги предмети на задна клупа,
    – Светла за магла со странично осветлување,
    – Внатрешен електрохромен ретровизор со автоматска

    прилагодба на одблесок,
    – Внатрешност ткаенина ARMUCARA Mistral,
    – Управувач обложен со кожа,  прилагодлив по висина и длабочина,
    – Надворешни ретровизори во боја на каросерија,

  • SO CHIC

    Цена од 33000€
    Мотори: THP155 BVA6, HDi160 BVM6

    Ја содржи опремата CHIC и дополнително:
    -Аналоген часовник на средишната командна табла,
    – BlueTooth®,
    -Cockpit кров со 3 стаклени дела со електрични завеси,
    -Електрично преклоплопување на надворешните ретровизори,
    – Метална декорација на предните и задни внатрешни прагови,
    – Тркала од лесна легура 18″” Canaveral во сјајна сива боја
    – Задни паркинг сензори,

    – Предни странични повеќеслојни акустични стакла,
    – Keyless отклучување и стартување на возилото

    без потреба од вбравување на клучот
    – Внатрешност ткаенина Кожа CLAUDIA / ткаенина DINAMICA Mistral,

    -Ламинирани ‐ двојно звучно изолирани стакла напред

  • SPORT CHIC

    Цена од 40000€
    Мотори: THP200 BVA6, HDi160 BVM6, HDi160 BVA6, Hybrid4 Airdream BMP6
    Ја содржи опремата SO CHIC и дополнително:
    – Фабрички DS патосници напред и назад.
    – Head‐up display со проекција на информации

    во оптимална висина на видно поле,
    – Навигација eMyWay со камера за возење кон назад,
    – Потпирач за нога и ножни команди од алуминиум.
    – Засенувач на инструмент табла обложен со кожа,
    – Предни паркинг сензори,
    – Возачко седиште со функција на масажа

    (лумбално електрично прилагодување) и рачно прилагодување

    на предните седишта,
    – Внатрешност Кожа CLAUDIA Mistral (темна) или Lama (светла),
    – Управувач обложен со кожа Club,
    – Активни Bi Xenon предни светла со прскалки за светла.*

     

    Само кај THP 200 BVM6:
    -Тркала од лесна легура 19″” Cairns во сива мат боја,
    Само кај Hybrid4:
    4 режими на возење
    – автоматски мод
    – електричен мод (ZEV ‐ возило со нула емисија на штетни гасови)
    -спортски мод
    – погон на 4 тркала

 

ПРЕДНОСТИ 

  • HYBRID4

    Технологија Hybrid4 : 200 КС, погон на четири тркала, урбано електрично возење со само 91гр. CO2/km

    htbrid4-citroen-ds5

  • ДИЗАЈН

    Елегентна, скулптурна, креација која ги изразува динамичните интензивни искуства

    creation-audacieuse-citroen-ds5

  • АРХИТЕКТУРА

    Оригинална архитектура која ги повзрува компактноста (4,53m), 5 вистински седишта и голем багажен простор (468l VDA)

    architecture-inédite-citroen-ds5

  • ВНАТРЕШНА ПРОСТОРНОСТ

    Внатрешен простор инспириран од аеронаутиката: покрив cockpit, приказ на информации во боја во висина на очите, широки централни конзоли

    habitacle-citroen-ds5

  • ВОЗЕЊЕ

    Неповторливо искуство во возењето со динамично однесување на патот и прецизен и директен управувач

    experience-de-conduite-citroen-ds5

  • УДОБНОСТ

    Технологија во служба на удобноста: автоматски светла , пристап и стартување без клуч, систем на навигација eMyWay  со камера за движење назад, AFIL од втора генерација, CITROËN eTouch

    technologie-citroen-ds5

  • ЕЛЕГАНЦИЈА

    Елегантен предмет кој ги повзрува оригиналната видливост со умешноста на DS

    raffinement-citroen-ds5

  • МАТЕРИЈАЛИ

    Автентични материјали како на пример спој на кожа со метал .  Изработка во вид на кожно ременче од часовник одраз на имиџот на гамата DS

    materiaux-citroen-ds5

  • ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

    Персонализација по мерка, 7 понуди на видови кожа

    personnalisation-citroen-ds5

  • OСВЕТЛУВАЊЕ

    Специјална работа е посветена на надворешното осветлување (светлосен потпис напред и назад) и внатрешно осветлување (со LED)

    eclairage-citroen-ds5

 

ПЕРФОРМАНСИ 

  • HYBRID

    Full hybrid Diesel

    Помала емисија на CO2 (99 g/km), можност за избор на четири начини, однесување на патот кој нуди енергични сензации во возењето: максимална моќност од 200 КС CEE, погон на четири тркала, урбано електрично возење , функција “”boost”” за забрзување … Со преносот Full hybrid, DS ги повзрува перформансите на моторот Diesel HDi со квалитетите на електричниот погон.

    Оригиналноста на технологијата Full hybrid е резултат на комбинирање на повеќе технологии : термички мотор HDi 160, систем Stop&Start од втора генерација, електричен мотор и електронски надзор

    full-hybrid-citroen-ds5

    ВОЗЕЊЕ MULTIMODE

    Технологија Hybrid4 нуди multimode возење. Со команда на централната конзола, може да одберете од 4 начини на функционирање : Auto, Sport, 4WD и ZEV

    Начин AUTO ја оптимизира потрошувачката. Начинот SPORT дава предност на забрзување и чести тргнувања, премините на степени се подинамични со помош на ефектот електричен””boost””. Начинот на возење ZEV (Zero Emission Vehicle) гарантира електрично возење доколку наполенетоста на батеријата го дозволува тоа и брзината не е повисока од 60 km/h. И начинот 4WD (погон на четири тркала) за услови со намалена прилепеност со подлогата.

    multimodale-citroen-ds5

    200 КС И 99G CO2/KM

    Прво хибридно возило на Citroën кое нуи исклучителна синтеза на почитување на животната средина (3,8 l/100 km и 99 g CO2/km) со перформанси на високо ниво со кумулативна моќност која може да достигне до 200 КС.

    Со избор на хибридниот начин на возење доаѓа до значително намалување на потрошувачка на гориво и емисија на CO2. Во урбана средина, намалувањето е во просек од 30 до 35 %, во споредба со соодветен мотор Diesel.

    200ch-citroen-ds5

  • Освен моторот Hybrid4 full hybrid diesel, DS 5 располага со 2 мотори Diesel : едниот e-HDi 115 Airdream (BMP6) со технологија micro-hybride Stop&Start и другиот HDi 160 (BVM6 или BVA6). Во понудата се и два бензински мотори дизајнирани во соработка со BMW : THP 155 (BVA6) и THP 200 (BVM6).

    motorisations-citroen-ds5

  • Оригинално искуство во возењето! Динамично однесување на патот без никакво влијание на комфорот ! DS 5 нуди “”typé”” амортизирање кое идеално го чита патот со едноставна употреба. Дава впечаток дека е залепен за патот гарантирајќи чувство на сигурност во сите услови.

    Управувачот е прецизен и директен кој многу придонесува за динамичниот карактер. Со хидраулична електропумпа, нуди прогресивен и точне одговор без да биде премногу чувствителен.

    comportement_routier-citroen-ds5

  • Силно оденсување на патот според имиџот на стилот на DS 5 кој во сериска опрема поседува систем на контрола на сопирањето (електронски распределувач на сопирањето и помош при нагло сопирање) и одржување на траекторија (ABS и ESP), оптимална контрола на возилото во најделикатни услови на возење.

    Исто така во сериска опрема е и системот Интелигентна контрола на пролизгување. Светска еклузивност која ги гарантира вашите патувања на лизгав терен и го олеснува движењето на снежна подлога, голомразица или пак на влажен коловоз.

    securite-citroen-ds5

 

БОИ 

  • DS 5 - Hurricane Grey
  • DS 5 - Hurricane Grey

Hurricane Grey

  • Hurricane Grey

    Hurricane Grey
  • Philae Blue

    Philae Blue
  • Hickory Brown

    Hickory Brown
  • Vapour Grey

    Vapour Grey
  • Perla Nera Black

    Perla Nera Black
  • Arctic Steel

    Arctic Steel
  • White Pearlescent

    White Pearlescent
  • Galena Grey

    Galena Grey
 

ДЕТАЛИ 

  • СКУЛПТУРА

    Аеродинамична скулптура

    Оригинална креација, DS 5 изненадува со својот стил. Се појавува како вистинска аеродинамична скулптура, која ветува динамични искустава уште на прв поглед.

    Неговиот енергичен поглед, засилен со светлосниот потпис со LED светла, неговиот препознатлив хромиран елемент во форма на сабја и специјалната обработка на неговото крило назад му даваат поседбно елегенатен изглед.

    Неверојатно привлечен и крајно изненадувачки … DS 5 сосема природно ве привлекува.

    ЕЛЕГАНЦИЈА

    Елаганција на детали

    Со DS 5, квалитетот и елеганцијата се изразуваат во секој детал. Изборот на хромирани декорации (странични лајсни, двојна издувна цевка, …) црни сјајни елемени (лајсна на лицето напред и назад, лајсни на стаклата…) и формата на алуминиумски тркала го оформуваат неговиот скулптурен изглед.

    Достапен во 8 надворешни бои и декорации во хром во ниво на опременост наречен “”Dark Chrome””.
    DS 5 е исклучителен предмет дизјајниран да одговори на сите очекувања дури и да ги надмине.

    ГАМА DS

    Уште на прв поглед, DS 5 ја потврдува својата позиција во гамата DS, составен од DS 3 и DS4. Возилата од гамата DS se се карактеризираат по својата препознатлива креација и стил, со квалитетна презентација, оригинални сензации во возењето и реални перформанси за секојдневна употреба.

    Симбол на иновација и умешност, стил и технологија, гамата DS претставува нов начин на замислување наиднината на автомобилот. иднина инспирирана од наследството на гените на марката е се впишани иновација и престижноста.

  • ВОЗАЧКО МЕСТО

    Зад управувачот на DS 5, вие се патувате во свет на аеронаутиката со возачко место дизајнирано во духот на вистински cockpit. Тоа значи дека и соединува потавеноста на возачкото место на едно купе со светот на Grand Tourisme : обвиткувачка командна табла,  информации насочени кон возачот, широка централна конзла а мала рачка на менувачот…

    Вистинска иновативна технологија на DS 5 е  приказот на основните информации за возење во висина на очите на прозирна линија. Овозможува посмирено возење, без да се помести погелдот од патот.

    ПОКРИВ COCKPIT

    Имагинарноста се чувствува на секој поглед! DS 5 ја истакнува својата различност со целосно редизајнирана внатрешност, инспирирана од светот на аеронаутиката во хармоничност со надворешниот стил.

    Покривот cockpit е еден од најкарактеристичните елементи . Нова интерпретација на стаклен покрива прилагоден на светотот на DS 5, покривот cockpit се организира околу три извори на светлина (0,58m2 стаклена површина) секоја посебно се затемнува за да понуди оригинален амбиент во секој дел од деноноќието.

    ЕКСКЛУЗИВНОСТ

    Ексклузивни детали

    DS 5 располага со најдоброто од умешноста на марката во смисла на квалитет и елеганција. Украсен е со автентични и квалитетни материјали од стилот на кожа Club , декарации во мазен и сјајен алуминиум.

    DS 5 успешно ги сврзува традицијата со иновацијата. Квалитетот и елеганцијата се изразуваат од секој детал. Софистицираност која ја квалификува исклучителната посветена работа во изработката “”кожно ременче од часовник””  на седиштата, вистински потпис на линијта DS.

    АМБИЕНТ

    Нежен амбиент

    Вграденото осветлување во внатрешноста на DS 5. Осветлувањето на ентериерот на база на led прогресивно ја осветлува внатрешноста. Штом ќе се сместите внатре, со помош на копчето START просторот оживува: приказ на информации во висина на очите во боја веднаш се појавува, три дигитални дисплеи и  индикатори на инстумент таблата се осветлуваат … се создаде светлосен амбиент.

    Амбиентот во DS 5 е пригушен и бессшумен … за е пригушено и затемнето. Изолација и апсорбција на звуци реализирана на самиот извор на нивната емисија.

  • ВНАТРЕШНА ПРОСТОРНОСТ

    Компактна внатрешна просторност

    DS 5 е возило надвор од сите стандарди чија интелигентна концепција ги надминува вообичаените компромиси меѓу уживање во возењето и удобноста која може да се споделува. Должина од 4,53 m (односно 25 cm помалку од лимузината Citroën C5), ширина од 1,85 m и висина од 1,51 m… компактен и елегантен изглед.

    БАГАЖЕН ПРОСТОР

    Багажен простор

    Компактноста на DS 5 во ништо не ги намалува перформансите зад управувачот. токму спротивно, неговиот багажник нуди зафатнина од дури 468 l VDA.

    Покрај вообичаените остави, централната конзола со двојна преграда под потпирачот за рака има зафатнина од 13 l. Во горниот дел се сместени приклучоците за подвижните апарати, за Jack и USB. Во долниот дел, е разладувачки и осветлен и има капацитет за шише од 1,5 l.

    MULTIMÉDIA

    Hifi и multimédia

    DS 5 не занемарува ниту едно сетило. Со десет звучници и дигитален засилувач, опционалниот систем HiFi DENON ја претвора внатрешноста во вистински аудиториум. Технологијата за распространување на звукот од аудио системот CD RDS MP3 6HP ви гарантира вистиснко уживање во музиката.

    DS 5 може да биде опремен и со Citroën WiFi On Board и секој може да ужива во Internet за време на патувањето.

    EMYWAY

    Навигација eMyWay

    DS 5 може да биде опремен со вграден систем на навигација од најнова генерација: eMyWay. овој систем располага со голем екран во боја од 7 инчи, интерна меморија, меморирани карти, предупредување за ограничување на брзината  или пак  streaming audio Bluetooth, односно можност да ги слушате вашите омилени песни од вашиот мобилен телефон.

    Системот на навигација eMyWay е поврзан со камера за движење наназад кој испраќа слика во боја на екранот за навигација.

  • E-HDI

    e-Hdi micro-hybrid

    DS 5 не прави никаков компромис ниту на дизајнот ниту на технологијата. За да ви понуди оригиално искуство во возењето, нуди технологија micro-hybride e-HDi кај моторот e-HDi 110 со систем Stop and Start од 2-ра генерација (avec со реверзибилен алтернатор и систем за моментално стартување на моторот за 0,4s).

    Моторот e-HDi нуди вистинско уживање во возењето повзрано со почитување на животната средина. Технологијата micro-hybride e-HDi ја трансформира кинетичката енергија која се генерира при намалување на брзината на возилото, во електирчна енергија со што се намалува вашата потрошувачка и емисија на CO2 до 15% во град.

    ИНТЕЛИГЕНТНА КОНТРОЛА НА ПРОЛИЗГУВАЊЕ

    Интелигентна контрола на пролизгување

    На секаква подлога и со сите мотори, бензин, Diesel или Hybrid4, сигурноста кај DS 5 е зајакната со интелигентна контрола на пролизгување : овој систем за помош при старување на лизгава подлога гарантира подобра прилепеност и оптимзиирана моторичност, со ограничување на зализгување на тркалата.

    Поврзан со ESP, интелигентната контрола на пролизгување е придобивка за оптимална контрола на возилото во најделикатни услови на возење.

    АВТОМАТСКИ СВЕТЛА

    Со DS 5,вклучувањето и исклучувањето на долги светла  се управува автоматски зависно од условите на осветленост и на сообраќајот.

    Обработката на сликите од минијатурната камера вградена во внатрешниот ретровизор овозможува автоматско вклучување/исклучување  на долгите светла, во зависност од условите на осветленост и на сообраќајот за да може да патувате во целосно релаксирана атмосфера.

    LDWS

    Втората генерација на предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија (AFIL) е дел од опремата на DS 5 . Преминувањата се пренесуваат со вибрации во возачкото седиштето, а се детектираат со минијатурана невидлива камера вгардена во внатрешниот ретровизор и со помош на технологија за препознавање на линиите според дигитална слика.

    ПРИКАЗ НА ИНФОРМАЦИИ ВО ВИСИНА НА ОЧИТЕ

    Технологијата на DS 5 не си поигрува со уживање во возењето. Особено иновативна функција, приказ на информации како проекција, во боја на прозирна површина, во директно видливо поле на возачот, ги исчитува основните информации за возењето.

    Кај верзијата Hybrid4 Airdream, кога возилото се движи во начинот ZEV (електричен мотор), бојата на приказот се менува од бела кон сина: вистинско еколошко возење.

    КАМЕРА ЗА ДВИЖЕЊЕ НАНАЗАД

    Поврзана со системот за навигација eMyWay, камерата за движење наназад испраќа слика во боја на екранот на навигација.Со визуелен репер (црвени линии за поставување на граница на браникот назад и сини линии за максималниот дијаметар на завртување ), возачот може да маневрива во целосна сигурност.

    Камерата за движење наназад ги поедноставува манаврите при паркирање… за апсолутна опуштеност.

    ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СВИОЦИ

    Статичко осветлување на свиоци

    Во ситуација на свиок и мала брзина (40 km/h макс), магленките со статичко осветлување на свиок гарантираат поголем светлосен сноп за зголемување на видливоста кон внатре на свијок, и до 75° кон лево и кон десно од возилото.

    Вклучувањето на оваа опрема е автоматско што возачот вклучи трепкач и штом аголот на завртување на воланот е поголем од 60°.

    HANDS-FREE

    Пристап и стартување без клуч

    DS 5 е интуитивно возило. Функцијата за пристап и старување без клуч го препознава возачот штом се доближи до возилото. Со едноставно допирање на нарачките на вратите возилото се отклучува, а внатрешното осветлување во LED прогресивно ја осветлува кабината. За стартување, искористете ја командата START.