DS 3 Ултра можности за персонализација

DS 3
 

ОПРЕМА 

  • CHIC

    Од 15690€
    Мотори: VTi82 BVM5, HDi 70 BVM5, e-HDi 70 BMP5
    – ABS + EBD+ BAS системи за безбедно сопирање,
    – Воздушни перничиња за возач и совозач,
    – Странични воздушни перничиња,
    – Воздушни завеси напред/назад,
    – Далечинско централно заклучување,
    – ESP + ASR систем против пролизгување,
    – Електрично прилагодување на надворешните ретровизори,
    – Мануелен kлима уред,
    – Патен компјутер,

    – Радио CDMP3 со команди под управувач и AUX приклучок,
    – Предни ел.регулатори за стакла,
    – Имплусни трепкачи,
    – Внатрешност плетен штоф SturmZephyr Mistral,
    – Регулатор/лимитатор на брзина,
    – Преден потпирач за раце,
    – Црна инструмент табла,
    – Резервно тркало во намалена димензија,
    – Челични тркала 16″”NUCLEAR ( Airflow кај VTi82)
    – Управувач обложен со кожа и хром декорација

    со висинско и длабинско прилагодување,
    – Возачко седиште со висинско прилагодување,
    – Светла за магла напред и назад,
    – Надворешни ретровизори во боја на каросерија

  • SO CHIC

    Цена од 17690€
    Мотори : VTi120 BVM5, VTi120 BVA4, e-HDi90 BVM5, e-HDi90 BMP6
    Ја содржи опремата CHIC и дополнително:
    – Дополнително затемнети задни стакла,
    – Двобојна изведба на каросеријата,
    – Хромирани странични лајсни на вратите,
    – Автоматски клима уред,
    – LED дневни светла,

    – Тркала од лесна легура 16″”Ashera ( не е достапно кај e-HDi 90 AirdreamBVM),
    – Освежувач на просторот,
    – Пакет Осветлување,
    – Рачна кочница обложена со кожа

    и хромирани украсни детали,
    – Украсен внатрешен пакет Black,
    – Внатрешност плетен штоф Grand Rayados
    – Mistral со украсен бел конец

  • SPORT CHIC

    Цена од 19690€
    Мотори: THP155 BVM6, e-HDi115 BVM6
    Ја содржи опремата SO CHIC и дополнително:
    – Патосници напред/назад,
    – Hifi Light +USB Box + BlueTooth®,
    – Тркала од лесна легура 17″” Bellone во црна сјајна боја, средниот дел од тркалото во боја,
    – Совозачко седиште со висинско прилагодување,

    – Спортски профилирани седишта,
    – Спортски спојлер со трето стоп LED светло,
    – Украсен внатрешен пакет Carbon,
    – Внатрешност плетен штоф Akinen/Alcantara Mistral,
    – Управувач обложен со перфорирана кожа во долниот дел и хромирани детали

 

ПРЕДНОСТИ 

  • СТИЛ

    Стил:  пливачки кров во две бои, странично крило, динамично лице напред потенцирано со вертикални LED светла

    style-citroen-ds3

  • СВЕТЛОСЕН ПОТПИС

    Нов хипнотички светлосен потпис во три димензии: светлата назад 3D LED

    feux-3D-citroen-ds3

  • ВОЗЕЊЕ

    Динамично возачко место :ниско поставени седишта, обвиткувачки седишта, конусни дисплеи, спортски волан за невообичаени сензации во возењето

    poste-de-conduite-citroen-ds3

  • ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

    Бројни можности за персонализација:бојата на каросеријата и на покривот, налепници за персонализација, алуминиумски тркала во повеќе бои, лајсна на командната табла, изработка на возилата…

    personnalisation-citroen-ds3

  • АРХИТЕКТУРА

    Оптимизирана архитектура со 5 седишта, багажник од 285 литри VDA во помалку од 4m (3,95m)

    architecture-optimisée-citroen-ds3

  • ЗАБАВА

    Забава : вграден систем на навигација eMyWay со голем екран во боја, HiFi System, Connecting Box

    infotainment-citroen-ds3

  • СИГУРНОСТ

    Високо ниво на сигурност:
    eTouch, ESP, 6 воздушни перничиња, 5* EuroNCap

    securite-citroen-ds3

  • E-HDI

    Технологија micro-hybrid e-HDi :  87гр. CO2/km

    motorisation-citroen-ds3

 

ПЕРФОРМАНСИ 

  • ОДНЕСУВАЊЕ НА ПАТОТ

    На патот, вашиот DS 3 се истакнува со спој на уживање во возењето со комфорот. Подвижен и енергичен, ве доближува до патот за лесно да се справите со кривините. Да се управува еден DS 3, е исто како да ги имате тркалата на дофат на рака.
    Неговото живо и динамично однесување ви нуди истовремено комфор и контрола досега непознати за ваков тип на возило.
    За да ви гарантира беспрекорно однесување на патот, ESP е на располагање во целата гама.

    comportement_routier-citroen-ds3

  • DS 3 нуди богат избор на мотори бензин или дизел кои се грижат за животната средина. Моторот e-HDi 90 Airdream со мануелен или пилотиран менувач, e-HDi 115 Airdream, VTi 82, VTi 120 со мануелен или пилотиран менувач, THP 155 , сите овие мотори ви гарантираат оригинални и неповторливи сензации во возењето во град и на долги патувања.

    motorisations-citroen-ds3

  • BVM

    Мануелен менувач со пет степени, особено лесно управлив, е на располагање кај сите мотори бензин и дизел кај DS 3, освен кај моторите THP 155 и e-HDi 115 Airdream.

    BVM5-citroen-ds3

    BMP

    Пилотиран мануелен петтостепен менувач, oвозможува промена на степените на автоматски начин или на секвенционален начин со помош на команди под воланот.

    BMP5ET6-citroen-ds3

    BVM 6

    Мануелниот шестостепен менувач е карактеристичен по својата лесна управливост. Шестиот степен придонесува за намалување на потрошувачката и за подобра акустика.
    Овој менувач е достапен со бензинските мотори THP 155 и Diesel e-HDi 115 Airdream.

    BVM6_Citroen-Ds3

    BMP6

    Мануелно пилотиран шестостепен менувач е на располагање за моторот Diesel e-HDi 90 Airdream.

    BMP5ET6-citroen-ds3

    BVA 4

    Автоматски четиристепен менувач за едноставен избор на автоматскиот начин кој гарантира прецизно менување на степените прилагоден на вашиот стил на возење. Достапен со бензинскиот мотор VTi 120.

    BVA-Citroen-Ds3

 

БОИ 

  • DS 3 - Polar White
  • DS 3 - Polar White

Polar White

  • Polar White

    Polar White
  • Belle Ile Blue

    Belle Ile Blue
  • Arctic Steel

    Arctic Steel
  • Sport Yellow

    Sport Yellow
  • Sport Red

    Sport Red
  • Hickory Brown

    Hickory Brown
  • Perla Nera Black

    Perla Nera Black
  • Shark Grey

    Shark Grey
  • Ruby Red

    Ruby Red
 

ДЕТАЛИ 

  • ДИЗАЈН

    Оригинален дизајн

    Вие сте оригинални, вашиот DS 3 е уникатен исто така. Со опциите за персонализација DS3 може да се направат 32 комбинации на бои на каросерија: од бојата на покривот до бојата на каросеријата преку избор на тркала, изразете ја слободно вашата креативност и создадете свет по вашите желби.

    Имате богат избор на декорации и стилови за анимирање и персонализација на покривот, на школките на ретровизорите или на лајсните на вратите на вашиот DS 3.
    Ентериерот е хармоничен: лајсна на командна табла и декорација на менувач во повеќе бои, седиштата се понудени со богат избор на изработка и патосници кои се прилагодуваат на графиката на покривот. Со DS 3, вие сте дизајнерот.

    ПОКРИВ

    Покривот на DS 3 може да се обои во четири различни бои: Црна Onyx, Бела Opale, Сина Infini или Сива Moondust.
    За комплетирање на персонализацијата, и да му дадете на вашиот DS 3 оригинален стил, на располагање се и декорациите: Graphic Art, Flower, Flavio, Codesign, Plane, Map, Zebra, Perle, Onde и Urban Tribe. Ќе го анимираат вашиот покрив и ќе му дадат на вашиот DS 3 исклучителен и модерен look во урбаната џунгла.

    ШКОЛКИ НА РЕТРОВИЗОРИ

    Богат избор од бои (или изработка во хром) за персонализација на школките на ретровизорите на вашиот DS 3 за постигнување хармонична надворешност која ќе биде одраз на вашиот карактер.

    ТРКАЛА

    DS 3 ви нуди 9 модели на тркала од 16 и 17 инчи во повеќе бои или во дијамантска обработка. Централниот дел на тркалото е во иста боја на каросеријата или на покривот.
    Сите сме различни меѓусебе. Вашиот DS 3 не смее да наликува на ниту едно друго возило.

    ДЕКОРАЦИЈА НА ЕНТЕРИЕРОТ

    Ентериерот на DS 3 е химна на вашиот карактер и личност. Обоена лајсна на командната табла, која ги врамува вентилаторите, инструмент таблата и повеќефункционалните екрани, може да биде во 6 бои. Менувачот може да биде во 5 бои и изработки, од сатинест хром до лакирана боја или пак во кожа.
    Патосниците можат да бидат во иста графика како и налепниците на покривот.

    Зоните за декорација го прават вашиот DS 3 уникатно возило. Како симбол, далечинскиот клуч е во декорација со бојата на каросеријата, за постојано да имате еден дел од вашиот DS 3 со вас!

    ОБРАБОТКА НА СЕДИШТА

    Изработката на седиштата се состои од 8 понуди, од кои 3 во кожа (Сина Granit, Mistral и Lama) со елегенатни, рафинирани и модерни штофови.

  • ЕЛЕГАНТЕН ДИЗАЈН

    DS 3 е сон на секој дизајнер. Нема да ве остави индиферентни, веднаш ќе предизвика чувство на поттик и желба. Неговите линии асоцираат на движење, инкарнација на елегантен и суптилен динамизам.
    Компактен, сензуален, елегантен, секогаш подготвен за патување … Вашиот DS 3 веднаш ве одделува од толпата и го истакнува својот карактер со оригиналните креации : пливачки покрив, опаш од ајкула кој ја акцентира линијата на школката, странични светла со LED…

    СВЕТЛА СО LED

    Дневни светла со LED

    Неговата екстравагантност на DS 3 се препознава на секој поглед. Од едниот до другиот раб на браникот, изненадувачки дневни светла со LED со оригинален светлосен потпис.

    СВЕТЛА 3D

    Светла назад 3d со LED

    Технологијата е неделлива од DS 3, нуди нов хипнотички потпис со дизајнот на светлата назад со LED во 3D ефект кој е навистина иновативен. Како кутија со скапоцен накит, дискретното хромирано лого DS е втиснато во висина на светлата.

    ВИДЛИВОСТ

    Оптимизирана видливост

    Надворешноста останува компактна, а ентериерот на DS 3 нуди големо видливо поле.
    Особена грижа е посветена на рамките на ветробранското стакло за максимално намалување на рамките и ослободување на поголемо видливо поле.

    Кога станува збор за видливоста 3/4 кон назад, таа е оптимизирана со специјалната изработка и пространа стаклена површина на задното стакло и со формата на потпирачите за глава.

    КОМПАКТНОСТ

    Со должина од 3,95 m и ширина од 1,71 m, надворешните димензии на DS 3 го позиционираат ова возило меѓу најкомпактните во сегментот. Неговата висина од 1,46 m, го прави навистина динамично возило.
    Вашиот DS 3 е исто така особено управлив благодарение на неговите 10,2 m дијаметар на завртување. На овој начин вашиот DS 3 облекува навистина урбан и chic костум!

  • ПРЕМИУМ СТИЛ

    Неговата надворешност ќе ве освои, а неговата внатрешност ќе ве привлече. Насекаде во DS 3, се среќаваме со благородни материјали од кожа или хром. Спортските педали од алуминиум се вградени во нелизгачки перничиња, а менувачот е во сатенски хром, во сјајна боја или во кожа.
    Командите за автоматскиот клима уред, се вградени во централната конзола, врамени во хром. Ентериерот на вашиот DS 3 сведочи за суптилната елеганција и особено чист дизајн.

    КАБИНА

    Верувате дека веќе ништо не може да ве изненади, но сепак штом ќе ги почувствувате сензациите од возењето на DS 3 ќе се разубедите. Штом се сместите во обвиткувачките седишта со ниска поставеност, штом го зграпчите воланот меѓу прстите ќе имате желба никогаш да не запрете.
    Информациите поврзани со возењето, брзина, потрошувачка, број на вртежи, во тридимензионалниот дисплеј со модерен дизајн. Нивото на опременост Хром го истакнува chic и спортски карактер на DS 3.

    ПРОСТОРНОСТ

    Голема просторност

    Очигледна компактност на надворешноста без компромис на внатрешниот простор: DS 3 е првото купе кое навистина е мултифункционално. Нуди 5 вистински седишта, простор достоен за лимузина, од секој поглед.
    Просторот за нозете напред е голем исто како и за патниците назад, благодарение на просторот кој е наменет за патниците.

    БАГАЖЕН ПРОСТОР

    DS 3 го прави секојдневниот живот многу поедноставен. Нуди исклучителен багажен простор 285 литри и едноставно преклопување на седишатата назад во сооднос 2/3-1/3.

    Истовремено располага со голема фиока спроти совозачот со капацитет од 13 литри, централна конзола, прегради на вратите кои можат да бидат надополнети со централен потпирач за рака за поголем комфор.

  • АКУСТИКА

    Прв услов за комфор, акустична обработка на внатрешноста. Домен каде DS 3 претставува репер. Вибрациите и звуците од моторот, од аеродинамичноста и од возењето се пригушени за да се даде предност на пригушен амбиент во ентериерот.
    Изолацијата и апсорбција на звуците е реализирана во самиот извор на нивната емисија особено во делот на носачот на моторот и на вратите.

    MULTIMEDIA

    Технологијата е неделива од вашиот DS 3. Се состои од аудио систем HiFi System со извонредни акустични перформанси.
    Ако сакате да ја имате целата музичка колекција, Connecting Box ви овозможува директно поврзување на вашиот читач MP3 или USB, со audio Bluetooth.

    За патување кон непознати предели, DS 3 нуди нов систем на навигација eMyWay со екран во боја 7” со висока резолуција. Сателитска навигација во Birdview и европска карта во интерна меморија. Се состои од читач CD MP3/WMA, шест звучници и приклучок USB / jack. DS 3 е возило од XXI век. Целосно уживање во интернет, и во Wifi On Board во опционал: технологија со пристап до интернет преку мрежите 3G/3G+ од вашата карта SIM.

    ОСВЕЖУВАЧ ПАРФЕМ ВО ВНАТРЕШНОСТА

    За мирисно уживање, вашиот DS 3 поседува освежувач на амбиентот со хромирана команда за подесување на интензитетот на парфемот кој се дифузира во воздухот или за затворање на системот.

    ПОМОШ ВО ВОЗЕЊЕ

    За опуштено возење, DS 3 нуди комплетна понуда на помош во возењето. Со уредот за помош при паркирање назад маневрите во град ќе ви бидат многу полесни.
    На располагање имате и регулатор/ограничувач на брзината, бришач со автоматско вклучување, како и автоматско вклучување на светлата.

  • ПОЈАЧАНА СТРУКТУРА

    При настанување на удар, патниците во DS 3 располагаат со максимална заштита. Структурата е појачана за да спречи влез во кабината и гарантира прогресивна деформација на деловите каде што не се наоѓаат патниците.

    6 ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

    Сигурноста е приоритет на DS 3. Гарантира комплетна заштита на сите патници со шест воздушни перничиња во сериска опрема кај сите нивоа на опременост: два воздушни перничиња напред со два воздушни перничиња странични како и два воздушни завеси вградени во плафонот.

    За целосна сигурност, вашиот DS 3 има склопувачка управувачка летва во случај на удар однапред.

    СОПИРАЊЕ

    Сопирање со високи перформанси

    DS 3 гарантира активна безбедност на високо ниво со особено сигурен систем на сопирање. Во сериска опрема спаѓаат ABS и Електронски распределувач на сопирањето (REF) надополнети со Помош при нагло сопирање (AFU) и автоматско вклучување на светла за опасност.

    ESP е исто така достапен во сериска опрема. Оваа динамична контрола на стабилноста е достапна во сериска опрема. Оваа динамична контрола на стабилноста автоматски ја одбира најдобрата траекторија, со ограничување на пролизгување на тркалата со присуство на ASR.

    СИГУРНОСТ ЗА ДЕЦА

    Зад управувачот на DS 3, вашите деца патуваат во целосна сигурност. Двете странични седишта поседуваат прицврстувачи Isofix.
    Дефинитивно вашите деца се во вистински раце.

  • МОТОРИ

    Економични мотори

    DS 3 е дизајниран за да го почитува светот кој го опкружува. Емисијата на CO2 го прави Citroën вистински предводник во заштита на средината.

    Нивото на емисија кај моторите e-HDi Airdream е систематски пониска од 99 g/km, со износ од 90 g/km (e-HDi 90 Airdream BVM), додека кај бензинските мотори се движи помеѓу 104 g/km и 149 g/km CO2.

    E-HDI

    Micro-hybrid со stop & start

    Лансирана е најнова технологија, нови мотори e-HDi micro-hybrid со системот Stop & Start, и со мануелен или пилотиран менувач. Секогаш кога ќе запрете на семафор, моторот се исклучува. Штом ќе ја поместите ногата од сопирачката, моторот стартува автоматски и моментално.

     

    Целосно бессшумен, без вибрации и прилагоден на секојдневна употреба, системот Stop & Start ќе ја промени вашата концепција за возење. Доаѓа до значително намалување на емисија на CO2 и на вашата потрошувачка, со што зборовите екологија и економичност се римуваат : моторот e-HDi 90 Airdream BVM испушта само 90g CO2/km.

    ФИЛТЕР ЗА ЧЕСТИЧКИ

    Филтерот за честички (FAP) е дел од моторите e-HDi Airdream кај DS 3 и активно придонесува во заштита на животната средина со задржување на несогорените честички исфрлени од моторот.
    Нивото на емисија на штетнитe гасови кај моторот e-HDi Airdream е споредливо со она кај моторите опремени со FAP.

    ИНДИКАТОР ЗА ПРОМЕНА НА СТЕПЕН

    За поекономично и оттука и поеколошко возење, вашиот DS 3 поседува и индикатор за промена на степен кој го анализира вашиот стил на возење и ве информира за најдобриот момент за промена на повисок степен.

    МАСА

    Покрај перформансите на моторите, еколошкиот биланс на DS 3 е резултат на посветена работа на масата на возилото, дизајнерите се посветија на сите можни извори на намалување на масата.
    Масивна примена на компјутерски пресметки за дефинирање и тестирање на деловите доведе до оптимизирање на секоја компонента, но и подобрување на техничкиот квалитет.