June 22, 2017

ТУРБО PURE TECH 1.2 L СО 3 ЦИЛИНДРИ ОД PSA ГРУПАЦИЈАТА, ПОВТОРНО “МОТОР НА ГОДИНАТА”

ТУРБО PURE TECH 1.2 L СО 3 ЦИЛИНДРИ ОД PSA ГРУПАЦИЈАТА, ПОВТОРНО “МОТОР НА ГОДИНАТА”

За време на XIII Интернационален избор за “Мотор на годината” во Штутгарт,Германија, интернационалното новинарско жири ја додели наградата “Мотор на годината” за 2017 на 1.2l 3-цилиндричен турбо Pure Tech бензински мотор во категоријата од 1l до 1,4l.

Индустриски и комерцијален успех

Наградата “Мотор на годината ” 2017 ја добива трета последователна година што претставува комерцијален успех за овој мотор, кој е достапен во изведба 110КС и 130КС (PureTech 110 S&S и PureTech 130 S&S). Факти:

– Од неговото комерцијално лансирање во 2014 до денес се произведени повеќе од 850 000 парчиња во индустриските центри за механика во Дуврен во Франција и во Гзиан Јанг во Кина, а од крајот на 2017 ќе се произведува и во фабрката во Тремери со цел да се удвостручи проиводствениот капацитет на мотори во Франција. До крајот на 2019 ќе бидат произведени над 1 милион примероци.

– Моторот 1.2 PureTech во верзија 110 и 130 КС се вградува во најголем дел од гамата на возила на марките од групацијата PSA, во повеќе од 70 држави. Во 2017, со овој мотор: новиот Peugeot 3008, е избран за “Автомобил на  годината за 2017 ” како и новиот Citroën C3.

– На европскиот пазар, бензинскиот мотор 1.2L 3 цилиндри PureTech претставува 1/3 од вкупно продадени бензински мотори и дизел мотори од групацијата.

Понуда со високи перформанси и заштита на животната средина

– Вградување на филтер за честички (GPF- Gasoline Particulate Filter) за намалување на емисијата на честички до 75% и задоволување на еуро еколошки стандарди на Европа и Кина за 2020.

– Оптимизирање на ефикасноста, благодарение на развој на циклусите на согорување и притисоко т на вбризгување кој е поставен на 250bar.

– Намалување на триењето и вградување на нов турбокомпресор.

По овој повод, Кристијан Шапел, Директор на центрите за производство на мотори и  на шасии од групацијата PSA изјави “ Добивањето на оваа награда е доказ за квалитетот и исклучителните перформанси на нашите бензински мотори. Го следиме развојот на нашите мотори со внатрешно согорување со цел да добијат повисоки перформанси кои истовремено ќе ја  заштитат и животната средина , со што воедно ќе дадат одговор и на предизвиците за  енергетска транзиција.