Eco возење

Légende ci-dessous
Eco возење

Контрола на потрошувачка на гориво

01_Maîtrisez-votre-conso-de-carburant

Citroën дизајнира возила кои се грижат за нивното влијание врз нашата животна средина. Намалувањето на потрошувачката на гориво се впишува во оваа постапка и возилото што сте го купиле или ќе го купите ги поседува најновите достигнувања.

Прочитајте ги внимателно советите кои следат за помалку да ве чини секоја посета на станицата за гориво. Ги подредивме по важност со цел да ви обезбедат подолг век на траење.

 Правилен степен на менувачот

02_Soyez-toujours-sur-le-bon-rapport-de-vitesse

Возете во вистинскиот степен за оптимизирање на потрошувачката на гориво.

Со механички менувач со мануелна комнда, без двоумење одлучете се за највисокиот степен. Мотор кој работи на ниски режими троши помалку.

Пилотиран или автоматски менувач поседува автоматизам кој ги прилагодува степените во зависност од типот на возење. Забрзувајте умерено и автоматизмот ќе ја оптимизира потрошувачката.

При брзина од 50 km/h, да возите во 5-иот степен наместо во 3-иот гарантира заштеда гориво од 20 до 25%. Доколку вашето возило поседува функција » Stop & Start », тогаш вашиот мотор се исклучува со што значително заштедува гориво во урбана средина.

Умерена брзина

03_Roulez-sans-agressivité...

Чести забрзувања и забавувања се карактеристика за нервозно и агресивно возење, со што без потреба се зголемува потрошувачката на гориво.

Возете со константна брзина и држете растојание меѓу возилот пред вас. Доколку вашето возило поседува регулатор или ограничувач на брзината користете го за да возите со стабилна брзина.

 

Товар во возилото

04_Roulez-sans-surcharger...

Колку вашето возило е потешко толку неговата потрошувачка е поголема.

Товарајте го внатрешниот дел на возилото затоа што поставување на предмети на покривот се губи на аеродинамичноста.

 

 

Притисок на пневматиците

05_Vérifiez-régulièrement...

Редовно проверувајте го притисокот во пневматиците. Штом вашите пневнатици се издишани, нивниот отпор при тркалање се повисок од нормалниот, со што се зголемува потрошувачката на гориво. Сензорот за издишани пневатици во вашето возило значително ќе ви помогне но не треба да ја замени редовната проверка.

Промената на температурата природно влијае на притисокот во пневматиците. Затоа редовно контролирајте го притисокот во вашите пневматици. Придружувајте се на вредностите препорачани од производителот.

Планирање на патувањата

06_Bien-préparer-ses-déplacements

Потрошувачката на гориво се зголемува доколку возите во зони со сообраќаен метеж.

Затоа планирајте и комбинирајте ги вашите патувања за максимална рентабилност.

 

 

Загревање на моторот

07_Roulez-pour-chauffer-votre...

Возете за да го затоплите вашето возило Колку вашето возило е ладно толку му треба повеќе енергија за да се придвижи и тогаш троши дури до 50% повеќе. Затоа штом стартува моторот не чекајте да се загрее, возете разумно тој ќе се загрее во движење.

 

 

Затворени прозорци

08_Roulez-les-vitres-closes...

Ќе заштедите гориво ако возите со затворени прозорци и го користите системот за вентилација за проветрување на возилото.

 

 

 

 

 Потрошувачи на енергија

09_Gérez-les-consommateur-de-...

Сите електрични системи во вашето возило се напојуваат со енергија од моторот. Оттука колку повеќе ја користите електрична енергија, толку повеќе трошите гориво.

Клима уредот црпи енергија од моторот. При високи температури, потрошувачката може да се зголеми за 25%. Затоа прилагодете го клима уредот со разлика во надворешната температура од 4 до 5°C. На тој начин ќе се заштитите од температурни шокови при влез и излез од возилото.

Редовно одржување

10_Entretenez-régulièrement-votre-véhicule

Лошата состојба на деловите на вашето возило (мотор, менувач, клима уред, пневматици …) штетно влијае на оптимално функционирање и доведува до зголемена потрошувачка на гориво.

Моторното масло, на пример придонесува за продуктивноста на моторот. Неисправност на клима уред доведува до значително зголемување на потрошувачката на гориво. Затоа е потребно да го одржувате вашето возило во исправна состојба затоа што ќе троши помалку а ќе добиете и повисока цена при продажба.

Разработување

11_Bien-roder-pour-bien-rouler

Возилото што вие го купивте е ново. Затоа има потреба од период на разработување на возилото за да може целосно да уживате во неговите перформанси.

Потрошувачката на гориво ќе биде оптимална по изминување меѓу 3000 и 5000 километри.