Иновации

СЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО

01_histoire_innovation_production2masse

Светската историја на автомобили ќе го запомни името André Citroën како човек кој го воведе во Европа сериското производство на возила според моделот на Ford.
Од 1919, прв почна со сериско производство со лансирањето на 10HP (или Type A) во Франција, Париз. Овие теории нови за тоа време гарантираат конструирање на возила брзо и во голем број и тоа со достапни цени на пазарот.
Човек пасиониран од иновацијата, André Citroën отишол во 1912 во САД, во фабрките на Ford на Red River во Детроит. Таму го сфатил функционирањето на оваа нова организација на индустриско производство.

ЧЕЛИЧНА КАРОСЕРИЈА

02_histoire_innovation_carrosserietoutacier

На почетокот на дваесеттите години, каросериите беа изработени од дрвена арматура фиксирана на шасија и покриена со челик. André Citroën го заменува овој начин за каросерија со целосно челична каросерија по неговото патување во САД во 1923, каде се запознава со компанијата Budd.
Наречен Tout Acier ( целосно челичен) , оваа каросерија има бројни предности. Цврста и издржлива, нуди подобра сигурност, но и комфор со поголем квалитет. Се појавува со B10 во октомври 1924 и две години подоцна со новиот B14.
Во 1934, за време на лансирањето на Traction Avant, каросеријата Tout Acier се смета за авангардна солуција.

 

 

МОТОР FLOATING POWER

03_histoire_innovation_moteurflottant

Во 1931, André Citroën повторно патува во Америка. како и вообичаено оттаму се враќа со нови идеи како на пример Флотантен мотор (или Moteur Floating Power), идеја која треба да допринесе за модернизација на автомобилот.
Оваа иновација во Франција се појави на почетокот на дваесеттите години, и забележа одекнувачки успех кај Chrysler во 1931. Се состои од филтер за вибрации на моторот помеѓу моторот и шасијата и еластични блокови од каучук.
Од април 1932, C4 и C6 (одбележани како МFP за Moteur Floating Power) сите мотори на Citroën без исклучок се од типот на флотантни мотори.

 

 

TRACTION AVANT

04_histoire_innovation_tractionavant

Идејата за моторен погон на тркалата напред отсекогаш била актуелна. Бројни производители се обиделе во оваа авантура но со помалку или повеќе успех.
Во март 1933 André Citroën, сеуште аматер во светот на новитетите и иновациите, побара од инженерите да се посветат целосно на ова прашање. Во мај 1934, станува првиот голем производител кој нуди автомобил со моторен погон на тркалата напред: Traction Avant (7CV).
Во годините кои следат, бројни други производители го следеа патот отворен од Citroën.

 

 

ЕДНОДЕЛНА КАРОСЕРИЈА

05_histoire_innovation_carrosseriemonocoque

Од сите иновации применети од Citroën во Traction Avant во мај 1934, едноделната каросерија е една од најновите и најважните по иновацијата на моторниот погон на тркалата напред.
Претходно, шасијата и каросеријата се произведувале одделно а потоа се спојувале една со друга при конструирање на возилото. Овој дизајн ги спојува во еден единствен елемент кој ги извршува двете функции.
Со ова техничко решение се зголемува комфорот и безбедноста на патниците во возилото, а истовремено се спушта центарот на гравитацијата а се зголемува квалитетот на држење на патот. Денес принципот на едноделна каросерија се наметнува на светско ниво, и дури во светот на спортски автомобили на највисоко ниво.

 

НАСОЧУВАЧКИ ФАРОВИ

06_histoire_innovation_pharestournants

Тргнувајќи од констатацијата дека темнината ја намалува сигурноста, особено на синусоидни патишта, Citroën применува, од октомври 1967, кај DS и ID вртливи дополнителни фарови.
Оваа иновација веднаш беше прифатена едногласно од сите.
SM, лансиран во март 1970, ги вградува во себе овие фарови кои бележеа голем успех. По неколкугодишен прекин на употребата, тие повторно се појавија на сцена во октомври 2004 со дирекционите светла со ксенон со две функции, достапни кај C4 и C5 верзија 2. Денес, со нив се опремени C6, C4 Picasso и новиот C5.

VISIOSPACE

07_histoire_innovation_visiospace

За првпат воведен во 2006 кај Grand C4 Picasso, концептот Visiospace е спој на исклучителна видливост (visio) со просторна внатрешност (space).
Клучен елемент на Visiospace е панорамско ветробранско стакло, кој нуди исклучителна светлина и и невообичаено видливо поле кон надвор.
Во 2009, новиот C3 се појавува со концептот Visiodrive. Обвиткан во вистинска стаклена топка, внатрешноста е потопена во светлина. ветробранското стакло Zenith на патниците во Visiodrive C3 и овозможува неповторливи доживување во светот на автомобилите.

 

 

ХИДРОПНЕВМАТСКО ПОТПИРАЊЕ

08_histoire_innovation_suspensionhydraulique

Првите обиди за хидропневматско потпирање датираат од 1944 и беа наменети за 2CV ! Traction Avant (15 CV) е првото возило опремено со ова потпирање назад, во 1954.
Особено во 1955 ова потпирање се актуелизира со лансирањето на DS19 опремен на четирите тркала. Оваа лимузина нуди држење на патот и комфор дотогаш непознати но и постојана висина на каросеријата.
Потоа е дел од CX, BX, XM, Xantia, C5 и C6.
Во светото на електрониката ова хидропневматско потпирање го добива називот Hydractive и Hydractive III+ со новиот C5.

 

STOP AND START

09_histoire_innovation_stopandstart

Citroën е една од првите марки што ја комерцијализира технологијата Stop&Start со C3 Stop&Start во 2005. Оваа иновација обезбедува намалување на потрошувачката и на емисијата на CO2, со истовремено поголем звучен комфор.
Технологијата Stop&Start гарантира исклучување на моторот пред и за време на запирањето на возилото (семафир, метеж…) и гарантира автоматско стартување со “”отпуштање”” на сопирачката штом сакате да тргнете повторно.
Новата генерација на Stop&Start од 2010 Citroën масовно ќе ја вградува во целата гама. Оваа втора генерација гарантира намалување на потрошувачката и емисијата на CO2 за околу 15% во град.