Авантура

Légende ci-dessous
Авантура

Експедиции

01_histoire_aventure_croisieres_capture

Со цел да привлече внимание на своите возила-гасеници лансирани во 1922, André Citroën одлучи да ја помине Сахара : Тогурт- Томбукту- Тогурт (Toggourt-Tombouctou-Toggourt) од 17 декември 1922 до 7 март 1923.

По оваа успешна авантура, следи Црната експедиција која се одржа од 28 октомври 1924 до 26 јуни 1925, со која го помина целиот африкански континент од север до југ од Коломб-Бешар до Кејптаун.
Жолтата експедиција го преминува азискиот континент од 4 април 1931 до 12 февруари 1932, од Бејрут до Пекинг. Citroën ќе даде уште три возила-гасеници на Адмирал Бирд за неговата антарктичка експедиција од 25 септември 1933 до 2 февруари 1935, како и пет возила гасеници за белата експедиција организирана од 4 јули до 24 октомври 1934 во Карпестите Планини (Montagnes Rocheuses) Канада.

Натпревари

02_histoire_aventure_raids_capture

Првата трка на Citroën (Париз- Кабул- Париз) е организирана во август 1970 и се вози 494 Méhari, Dyane и 2CV за траекторија од 16500 km по трагите на Жолтата Експедиција.

Успехот на оваа експедиција ќе се повтори и една година подоцна, трката Париз- Персеполис- Париз е со цел екипажот од 467 членови да ја запознаат престолнината на персиската империја и да поминат 13500 km. Во 1973, педесет 2CV од Raid Afrique ќе поминат 8000 km преминувајќи ја целата пустина на Сахара.
Требаше да се чека до 1988 за 140 млади европејци со нивните AX да ја поминат целата Кина од југ кон север и да направат 4500 km како дел од Операцијата Dragon. на крај во 1997, трката Master Rallye е организирана од Raid Berlingo : од Париз до Москва преку Смарканд, екипажот од 157 членови доживува авантура која трае 8500 km.

.