Архитектура

Légende ci-dessous
Архитектура

ПРОДАВНИЦАТА НА ЕВРОПА

01_histoire_architecture_magasineurope_capture

Во 1931, André Citroën ја изнајми зад железничката станица Saint-Lazare (Париз) старата хала за пошта на Државната железница. Оваа огромна зграда (300 m должина и површина од 15000 m2) постанува Изложбена палата на Citroën по три недели макотрпна работа.

Недалеку од плоштадот Европа, ќе биде крстен во Продавницата на Европа. Неговото отворање се одржа на 30 септември 1931, спроти отворањето на саемот на автомобили во Париз.
Посетителот имал можност да ја запознае целата гама Citroën. Во рамки на оваа продавница имало и кафе бар и кино каде се проектирале сите филмови за Citroën, оркестар, изложби како и голема хала за половни возила. Продавницата на Европа ќе биде отворена до крајот на Втората светска војна.

САЛОН MARBEUF

02_histoire_architecture_garagemarbeuf

Дизајнот и производството на двојниот шеврон од 1927 е под целосна одговорност на Морис-Жак Равазе во Центарот за стил на Сitroën. Негова основна мисија е да придонесе за зајакнување на марката и услогата на концесионерите. Клиентите мораат да го почувствуваат духот на иновацијата наречена Citroën.
Модернизамот е изразен со прекрасната “гаража од 10 спратови” отворена во 1929 на улицата Марбоф во Париз. Овој огромен изложбен салон со висина од 19 метри дизајниран од Алберт Лапрад како театар каде десетина возила се изложени како на балкони од театар и може да се видат дури од улицата.
Вистинско ремек дело на архитектурата, за жал оваа зграда ќе биде урната во 1952.

42 CHAMPS-ELYSEES

03_histoire_architecture_c42_capture

Закотвувањето на Сtroën на бројот 42 на Авенијата Елисејските полиња се случи во 1927. Задолжителен авангардизам, термините “кутија за скапоцен накит” и “изложбена витрина” за прв пат се појавуваат во пишаните медиуми.
Неколку години подоцна, во август 1932, André Citroën сака да воведе новини. На први октомври, на површина од 370 m2 една вчудоневидувачка фасада ги отвора своите врати. Од 1932 до 1984, Citroën таму ги претставува сите свои возила.
Целосен редизајн оваа зграда ќе доживее на 12 ноември 1984 и ќе постане “l’Hippo Citroën”.
Со крајот на ерата “Hippo”, Citroën сака да инвестира повторно во својот изложбен салон на Елисејските полиња. Кон крајот на 2001, беше распишан конкурс за неговата архитектура. Изградбата на ова ремек дело во стакло ќе заврши во 2007 и ќе биде наречено: C42.

ПРОДАЖЕН САЛОН ВО LYON

04_histoire_architecture_succursalelyon_capture

Вториот град по големина во Франција, Лион, во почетокот на триесеттите година отвори изложбен салон достоен на марката. Новиот продажен салон е отворен во 1932 на улицата Марсеј број 35.
Нарачен “Најголемата бензинска станица во Европа”, оваа зграда буквално е импозантна. Со 535 метри фасада, 40000 m2 површина распоредена на пет катови, две еднонасочни пристапни рампи со должина од 350 метри секоја како и голема хармоника врата со ширина од 15 метри и висина од 10 метри.
Изложбениот салон нуди висина од 15 метри и застаклена фасада од 300 m2. Од месец јули 1995, оваа бетонска и стаклена конструкција дело на архитектот Равазе е класиран како Историски споменик.

ФАБРИКА QUAI DE JAVEL

05_histoire_architecture_usinejavel_capture

Во 1915, за време на првата светска војна, André Citroën во Париз го конструира, Кејот на Жавел, голема фабрика за производство на муниција. По завршувањето на војната и воспоставувањето на мирот, оваа фабрика е претворена во фабрика за сериско производство на автомобили .

Фабриката на Citroën на Кејот на Жавел во тоа време е најмодерна во Европа (100 возила/дневно во 1919 потоа 200 возила/ дневно во 1924). И покрај тешката економска криза, Citroën одлучува во 1933 да ја реконструира за само пет месеци , без да го прекине производството.
Кејот на Жавел, кој од 1958 е наречен Кејот на André Citroën , ја произведува последната DS во април 1975 додека администрацијата се отселува во 1982. денес на најзиото место се наоѓа паркот André Citroën.

ФАБРИКА RENNES LA JANAIS

06_histoire_architecture_usinerenneslajanais_capture

Изградбата на фабриката во Рен – Ла Жане (La Janais) започна во декември 1958. Согласно новата стратегија за децентрализација на општините, Citroën го избра регионот на Рен каде веќе се наоѓа фабриката Barre-Thomas од 1954. На празен простор од 237 хектари изникнува ултра модерен индустриски погон на покриена површина од 487000 m2.
Производството започнува во октомври 1961 со новиот Ami 6. Потоа следат и другите модели : Ami 8, M35, 2CV, Dyane, Méhari, GS, GS Birotor, Visa, GSA, BX, AX, XM, ZX, Xantia, Xsara, Xsara Picasso и C5 Série 1. Денес во фабриката во Рен се произведуваат новите C5 и C6.