ПРВИЧНИ ТЕСТОВИ ЗА РАЗВОЈ НА CITROËN C3 R5

ПРВИЧНИ ТЕСТОВИ ЗА РАЗВОЈ НА CITROËN C3 R5

По едногодишни истражувања, пресметки и концепти, Citroën Racing ги направи првичните тестови за развој на C3 R5. 100% нов производ наменет за натпревар на клиенти, Citroën C3 R5 има за цел да постане нов репер во својата катег

Од 2013, R5 правилникот на Меѓународна автомобилска федерација иницира појава на нова генерација на автомобили за рели натпревари. Наменети за екипи и за приватни возачи, овие производи со разумна цена на чинење поради нивната техничка спецификација ја имаат квалификацијата « mini-WRC » : моторен погон на четири тркала, турбо мотор 1.6 со директно вбризгување и 280 КС, секвенционален менувач. Носителот на новата гама на возила за натпревари – во класата на клиенти на Citroën Racing, C3 R5 многу наскоро ќе се приклучи на трка!

Концепцијата Citroën C3 R5 започна пред околу една година. Покрај макотрпната работа во центарот за истражувања и дизајн, повеќето механички елементи се тестирани во реални услови, на лабораториски возила од почетокот на годинава.

676x322_c3_r5_visuel1«Со првото возење на комплетно возило, веќе се доближуваме до дефиницијата која ќе биде понудена на клиентите. Овие тестови се изведуваат на земјена подлога, за да се провери и докаже нивната издржливост и да се проверат и контролираат постојано основните подесувања.», објасни Пјер Будар, Директор на развој на возила за натпревари. « Постои директна врска помеѓу C3 R5 и C3 WRC, и тоа: школката на двете возила е дизајнирана од ист инженер. Некои решенија се позајмени со прилагодување на ограничувањата според правилникот за производстрво на мал број возила во серија. Целината треба претставува хомоген производ, способен да ги задоволи амбициите на клиентите кои ќе се одлучат за Citroën C3 R5. »

676x322_c3_r5_image_visuel2

По оваа етапа на тестирања, Citroën Racing ќе продолжи со развој на C3 R5 на земјена и на асфалтна подлога се додека не создаде реален мултифункционален производ. Хомологацијата според FIA ќе се појави во 2018.