CITROËN RACING СЕ ВРАЌА НА ПОБЕДНИЧКАТА ПАТЕКА

CITROËN RACING СЕ ВРАЌА НА ПОБЕДНИЧКАТА ПАТЕКА

По победата на Kris Meeke / Paul Nagle и шестото место на Stéphane Lefebvre / Gabin Moreau, Citroën Total Abu Dhabi WRT го оствари најдобриот резултат од почетокот на годината. По повод комбинираното рели на сезоната, екипата на Yves Matton го покажа потенцијалот на C3 WRC на секаков вид подлога и ја потврди посветената работа во последните месеци.

Релито на Шпнаија започна во раните утрински часови минатиот петок, со трка на земјена подлога. Во вакви рамки, влијанието на редоследот на стартот и чистењето на траекторијата беа навистина непознати.

Оваа сложена равенка – чиј резултат зависише од типот на подлогата, од надворешната температура, од влажноста на воздухот како и од поставените пневматици – немаше едноставно решение и набрзо оваа трка се претвори во една вистинска битка меѓу малкумина возачи!757x426_WRC_Espagne_VISUEL 1

Во челната група се наоѓаше Крис Мек. Откако си потпиша најдобро време на Bot (ES2), но и покрај меките пневматици поради високите температури и делови од (ES3) извозени на асфалт, до пладне се најде на петтата позиција. Попладнето, британецот се покажа најбрз во ES5 и се искачи на третата позиција во генералниот пласман, на само 3’’ од лидерот.

По долгата пауза и на непознат терен, Стефан Лефебре успешно ја намали разликата во однос на возачите од вториот ред. Првиот ден од релито го заврши на деветтата позиција.

По долга асистенција од 1h15, кога армијата од механичари ги трансформираа возилата во конфигурација асфалт, релито продолжи на широки и асфалтни патишта на Каталонија. Во оваа етапа се покажа побрз од своите противници и направи предност од 15 секунди.

Остатокот од денот ќе се памети по неверојатно тесни разлики со остатаните кандидати за победа. Челната група се преточи во ES12 и Крис се врати во паркот со 13’’ разлика со Себастијан Ожие и 14’’5 со Ott Tänak.

Наредниот ден, Стефан Лефебре се запознаваше со првите делови од специјалите. А потоа го примени целото свое искуство, без да си дозволи ниту една грешка. На крајот од оваа втора етапа, беше осми.

Недела, третиот ден беше распределен на шест специјали, и тоа без асистенција. Пред изгрејсонце во Албиол (ES14), возачот на C3 WRC n°7 ги предупреди своите противници со запишување на еден scratch. Следните две специјали беа беспрекорни и создаде предност од 23’’9 пред последниот круг од трите специјали.

Претпладнето беше поволно и за Стефан Лефебр, кој тргна да го следи Mads Østberg. На исто рамниште со норвежанецот во ES14, се покажа побрз во следните две специјали и заврши со 16’’. По излегувањето на Лапи и Невил, се постави на шестата позиција во генералниот пласман.

За жал Стефан не можеше да го продолжи нападот, поради проблем со хидрауликата и дефектот со радио врската во претпоследната специјала. Зата одлучи да си ја задржи шестата позиција.

Откако си запиша уште два дополнителни scratches Kris Meeke се качи на Power Stage. Го запиша своето второ најдобро време и се искачи на покривот од својот C3 WRC за да ја прослави победата.