CITROËN ГО ПРЕТСТАВУВА ТИМОТ ЗА 2018

CITROËN  ГО ПРЕТСТАВУВА ТИМОТ ЗА 2018

Ангажиран во целата сезона, Kris Meeke ќе биде адутот на Citroën тимот за Total Abu Dhabi World Rally, Craig Breen ќе го има на располагање вториот Citroën C3 WRC на десет рунди од шампионатот, а Khalid Al Qassimi, третиот во следните рели трки.
Sébastien Loeb најавува големо враќање кај марката со учество на WRC во Мексико, на Корзика и во Каталонија.
Stéphane Lefebvre е назначен да ја претстави премиерно Citroën C3 R5 во категорија на WRC2.

Достигнување на историскиот број од сто победи на светските шампионати во рели, е една од целите која екипата на Citroën Total Abu Dhabi WRT ја постави за 2018. Само уште две победи недостасуваат за достигнување на овој рекорд, за што довербата е дадена на Kris Meeke, кој е подоготвен да се докаже во сите предизвици, за што доказ се и добиените петте рели од 2013 во боите на марката.За официјалното враќање на Citroën во WRC британскиот возач ја оствари првата победа на Citroën C3 WRC и тоа на мексиканските земјени патеки пред да ја покаже својата генијалност на корзиканскиот асфалт. Надоврзување на овие успеси е и втората неприкосновена победа на земја и асфалт во Каталонија, со што го докажа својот победнички дух.

Во десет рунди од шампионатот Kris заедно со Craig Breen кој имаше неверојатен континуитет во сезоната со ранк од шест пати петтопласиран, ќе ги покажуваат квалитетите на новиот Citroën C3 WRC. По совладување на рели трките во светски рамки во 2016 како дел од тимот Abu Dhabi Total WRT, со импресивното трето место во Финска, овој дваесет и седумгодишен Ирец е одлучен да го примени стекнатото искуството и да обезбеди повеќе победи во 2018.

 

Сезоната 2018 ќе биде одбележана и со помпезно враќање на Loeb-Elena тимот во боите на Citroën, партнерство кое веќе има донесено девет тутули на светски шампиони за возачи и совозачи (2004 до 2012), осум титули за производители (2003 до 2005 и 2008 до 2012) како и 78 победи на рели трки. По повлекувањето од постојаното присуство на WRC кон крајот на 2012, појавувањето на само четири рели трки во 2013, и еден настап во 2015 на рели трките во Монте Карло, Sébastien Loeb ќе се обиде да го најде она специфично чуство за рели трките кога ќе вози второто возило Citroën C3 WRC во Мексико, Корзика и Шпанија. Тоа ќе биде шанса за легендата на рели трките уште повеќе да ги подобри неговите славни рекорди на настаните каде што претходно победи на шест, четири и осум наврати, истовремено овозможувајќи ѝ на “Црвената армија” на Citroën да има корист од неговото огромно, речиси незаменливо искуство.

Лојалноста кон тимот се рефлектира и во континуираното учество на Khalid Al Qassimi, кој во неколку навртати ќе управува со третиот Citroën C3 WRC, а Stéphane Lefebvre ја има честа да го промовира новиот Citroën C3 R5 во рамки на високо конкурентната класа на WRC2.

 

ИЗЈАВИЈА

 

Yves Matton, Директор на Citroën Racing
« Одлучивме 2018 да им ја посветиме на Kris и Craig затоа што го препознавме нивниот потенцијал за остварување на победи. Пресреќен сум што што продолжува приказната помеѓу Sébastien Loeb и Citroën и неговото неминовно враќање во бооите на марката во WRC. Убедени сме дека Stéphane  ќе биде идеален амбасадор на Citroën C3 R5 и марката полага големи надежи во него.»