CITROËN C3 R5 НАПРАВИ СПЕКТАКЛ НА РЕЛИ ВО ВАР

CITROËN C3 R5 НАПРАВИ СПЕКТАКЛ НА РЕЛИ ВО ВАР

На отворање на Рели трките во Вар, финалниот дел на Шампионатот во Франција, Citroën C3 R5 е во центарот на сите настаните.
Зад управувачот, Јоан Бонато и Бенжамин Булу ги искористија максимално трите етапи за да ги продолжат тестовите.

По првичните тестови, возени на асфалт и на земјена подлога, Citroën C3 R5 првпат јавно се појави на отворањето на Рели во Вар.Со четири последователни победи на  DS 3 R5, возачите Јоан Бонато и Бенжамин Булу ја прославуваа својата победа со промоција на новиот производ на Citroën Racing.VAR2017022

На стартната линија, на специјалите или пак во делот за асистенција, Citroën C3 R5 беше во центарот на вниманието со својот одличен успех и иновативен дизајн. Специјалистите за рели: подготвувачи, возачи, совозачи, како и новинари – со нетрпение очекуваа детали за најновата понуда на Citroën Racing во категорија R5.VAR2017029

На технички план, C3 R5 за првпат е опремен со мануелен менувач, согласно најновите измени на правилникот. Овој новитет му овозможи на Јоан да ги заокружи 14-те специјали без никаков проблем.VAR2017043

По успешното учество, работата на инженерите и одговорните за развој ќе се одвиваат нови тестови, со цел да се работи на довербата и на перформансите пред да преминат во процес на хомологација кај FIA.