Wild Rubis

Légende ci-dessous
Wild Rubis

Луксуз на француски начин

01_Luxe_a_la_francaiseОригинален изглед кој е спој на моќни линии на SUV со рафинирани линии на DS. Див и бунтовник, но истовремено елегантен и перфекционист. Елегантниот стил се истакнува со оригинален страничен хромиран потпис: носачите на кров оставаат впечаток на графичка висина кои повикуваат на подвижност.

 

 

Хипнотички поглед

02_Regard_hypnotiqueНеговиот изглед напред е карактеристичен со релјефната маска која му дава впечаток на тридимензионална обработка. Во оваа маска се наоѓа и амблемот DS, истакнат со мрежеста светлина. Маската се претопува во светлата кои се full LED, составени од три светлосни модули, опколени со трепкачи повлечени надолу и светлосен потпис во форма на дијапазон. Вистински бесценет накит Wild Rubis е возило со изразен, хипнотички и оригинален поглед.

 

Оригинален потпис

03_Signature_inediteНазад, светлата наликуваат дека се вградени во капакот на моторот. Крајна перфекција, суптилна игра на светлината со лого DS со длабински ефект. Вистинска скулптура, капакот назад во долниот дел е хромиран со двојна издувна цевка.

 

 

Концентрат на DS

04_Concentre_de_DSЦелосна грижа посветена до најситни детали, concept car Wild Rubis е инкарнација на наследството од DS во 1955 и елеганцијата на линијата DS. Препознатливите линии на линијата DS се згуснуваат во ова концепт возило. Помеѓу најкаректеристичните се вбројуваат : страничен хромиран потпис, детали скулптирани во метал со светлосен потпис напред и назад, примена на благородни материјали…

 

Технологија hybrid plug-in

05_Technologie_hybrid_pluginСо технологијата Full-hybrid Plug-in, концепт возилото Wild Rubis целосно се ангажира за заштита на животната средина. Примената на термички мотор бензинец 1.6 THP, со моќност од 225 КС во комбинација со електричен мотор поставен на задната осовина на возилото и кој може да развие моќност до 70 КС. Овој електричен мотор е напојуван со батерии lithium-ion кои се полнат на домашен приклучок.