Tubik

Légende ci-dessous
Tubik

Филозофијаy

01_Philosophie

Во еден контекст каде веќе не се зборува за растојанието туку за изминатото време амбицијата на концепт возилото Tubik е да му даде нова смисла на патувањето.

Tubik нуди 9 вистински седишта со стил на модерна берлина. Инспириран од линиите на познатиот Citroën Type H, наречен « TUB », екипата дизајнери на Citroën ги поврзуваат стилот со обработката на материјали која одговара на степен на висока ексклузивност и комфорност.

Tubik им нуди на патниците дух на « lounge », целосно посветен на бројните можности за модуларност на седиштата. Со Tubik, патувањето е поважно од дестинацијата.

Дизајн

02_Design

Линиите на Tubik потсетуваат на легендарниот « TUB ». Со истата морфологија како и неговиот брат, Tubik има димензии од (ширина: 2,08 m ; висина 2,05 m ; должина : 4,80m) за да смести до 9 патници.

Линиите на блокот напред и назад и двете рамки на ветробранското стакло целосно потстетуваат на Citroën Type H. За истакнување на заштитничкиот дух на Tubik, дизајнерите на Citroën споиле две контрастни бои: сива метал на каросеријата и бела бисерна на двата краја .

Едноставни но естетски, надворешната површина го затскрива вешто панорамското стакло кое е безбојно и кое претставува пристап до внатрешноста.

Внатрешност

03_Habitacle

Вистинска заштитничка школка во духот на « lounge », животниот простор е спој на архитектура со внатрешен дизајн : удобни седишта, наслони на седишта и паноа на врати во свила и кожа.

За да гледате а да не бидете видени, широко панорамско стакло безбојно им нуди на патниците оригинална видливост, заштитувајќи ги од надворешни погледи.

Ова возило ве повикува на опуштање, патниците постануваат посетители и максимално го користат широкиот мултимедијален екран во релаксирана состојба.

Технологија

04Technologies

Со гигантски екран на полувртлива основа, со распоредување на звукот, и вградената технологија во Tubik постанува вистински животен простор и место на споделување на моменти за патниците.

Зад управувачот на Tubik, возачот навлегува во светот на ултра-технологијата целосно конструирана околу возачкото место.

Сместен на своето седиште, командантот на бродот се идентификува со дигитално препознавање. Околу него се сите потребни информации за навигација на екранот поставен во средишниот дел на воланот.

Животна средина

05_Environnement

Благодарение на технологијата Hybrid4, Tubik го сочувува нивото на емисија на CO2 еднаков на класична берлина. Технологијата « Full hybrid » Diesel ја зголемува автономијата во однос на термички мотор и гарантира оптимална моторичност со моторен погон на четри тркала.

Tubik има тркала од 22 инчи со пневматици « tall & narrow » за оптимизирање на горивото. За постигнување на оптимален компромис меѓу комфорот и држењето на патот, Tubik поседува хидрактивно потпирање.