Survolt

Légende ci-dessous
Survolt

Дизајн

01_DesignSurvolt, иновативен и сензуален

Со компактни димензии, Survolt ги превзема стилистичките кодови во светот на најдобрите спортисти. Неговиот поглед е истовремено привлечен и длабок, со своите тенки и долги хоризонтални светла кои произлегуваат од светот на спортските купе возила со високи перформанси.

Ниско и елегантно сoupé , Survolt си поигрува со контрасти меѓу заоблени линии на капак на мотор и масивни и скулптурни страници, акцентирани со маркантни премини на тркалата, кои ветуваат перформанси и сензации. Назад, Survolt го превзема елегантниот светлосен потпис на Revolte. Неопходен репер за светот на спортските автомобили со спојлер кој остава впечаток на concept car.

Survolt е двобоен, нијанси на розе со сива антрацит, кои си поигруваат со материјалите и димензиите. Облините му се сатинести, а напати и сјајни.

Внатрешност

02_HabitacleSurvolt, елегантност во спортот

Сockpit на Survolt е изработен во дизајн на флотантна кабина, во стилот на прекрасни скапоцени парчиња накит. Надминување на конвенционалниот луксуз за да се поврзат елеганцијата со спортскиот дух, тоа е намерата на Survolt.

Внатрешноста на Survolt е осмислена како спој на два спротивставени светови. Нивната симбиоза доведува до свет кои истовремено е флуиден и технички. Светот е осмислен за двајца патници да доживеат неповторливо уживање и искучително искуство.

Перформанси

03_PerformanceSurvolt, моќност и трансценденти сензации

Survolt, е пред своето време, фасцинира со својата иновативна технологија, која целосно ја почитува животната средина. Според имиџот на Revolte, модерен активист, Survolt е анимиран со моторен погон кој е 100% електричен. Оваа инивација овозможува спој на спортски дух и перформанси со целосно почитување на животната средина и нејзиниот развој.

Оваа технолошка солуција, сеуште ретка за светот на натпреварите е инкарнација на неспоивото. Citroën се осмелува, Citroën креира, Citroën ги трансцендира конвенциите за подобро да ги сублимира.

Со Survolt, Citroën нуди нова визија на автомобил, која одбележува иновативно насочување кон креативноста и технологијата.