E-MEHARI X JEAN-CHARLES DE CASTELBAJAC

Légende ci-dessous
E-MEHARI X JEAN-CHARLES DE CASTELBAJAC

MEHARI ГО ПРОСЛАВУВА ПЕДЕСЕТИОТ РОДЕНДЕН СО ДИЗАЈНИРАЊЕ НА АВТОМОБИЛ ART CAR ЗАЕДНО СО JEAN-CHARLES DE CASTELBAJAC

50 години по ланирањето на Citroën Méhari и две години по појавувањето на Citroën E-MEHARI, несекојдневен кабрио со 4 седишта 100% електричен – симбол за автомобилска оригиналност на француски начин. За овој роденден , Citroën го повика дизајнерот Jean-Charles de Castelbajac да го осмисли ексклузивниот автомобил Art Car E-MEHARI, ремек дело во боја, графички манифест за прославување на 50 години слободен дух и 50 години уметнички креации.

СРЕДБА НА ДВА УМЕТНИЧКИ СВЕТА
Симбол на стил на живеење Made in France

Мај 1968 го одбележува раѓањето на Citroën Méhari и почетокот на кариерата на  Jean-Charles de Castelbajac. Мај 2018 ја одбележува соработката помеѓу двајцата таленти под знакот на креативна револуција заеднички за дизајнерот и за Citroën. Сосема природна средба: Citroën ја негува оригиналноста и креативноста уште од 1919 и внесува свежина во автомобилскиот пејсаж. Жан-Шарл де Кастелбажак е иновативен креатор чии креации ја спојуваат уметноста со модата.

Rencontre_CL-18.021.009_747X400 (2)

ОД MÉHARI ДО E-MEHARI

Méhari во мај 1968: почеток на еден мит
Време кога младата генрација е во потрага по повеќе слобода, Citroën на 11 мај 1968 го претставува својот нов модел: Citroën Méhari. Едноставен, забавен и без претензии, овој кабриолет во бои од поп културата се истакнува со својата пластична каросерија, отпорна на корозија која може да се мие со млаз вода. Други предности на овој модел: голем капацитет на модуларност, можноста за отворање на покривот и на ветробранското стакло, исперчена шасија која обезбедува неспоредлива удобност во возењето.
Citroën Méhari постанува вистински општествен феномен во годините кои следат проследен со филмска кариера и учество на автомоблски рели трки.
Mehari_CL-18.021.007_747X400 (3)E-MEHARI во 2015: сагата продолжува
Во декември 2015, Citroën го претставува Citroën E-MEHARI: кабриолет со 4 седишта 100% електричен. “It car”, посветен на клиенти кои се во потрага по искакнување од средината, фанови на модните текови но и почитувачи на животната средина. Citroën E-MEHARI е одраз на желбата на Citroën да понуди различни возила, технолошки возила и уметнички дела “на француски начин (à la française)”. Се составува во фабриката во Рен, , E-MEHARI е прво електрично возило сертифицирано со “Гаранција за француско производство”( “Origine France Garantie”).
Јануари 2018, Citroën E-MEHARI го добива Hard Top (цврст покрив ), и постанува кабриолет со 4 седишта 100% електричен, осмислен да се соочи со сите временски непогоди но со комфорен и модерен интериер, со систем за пристап Easy Entry кон назад како и нова богата опрема за сигурност.
MEHARI_CL-18.021.003_747X400

MAI A RI ВО 68… E-MEHARI ВО 2018!

Графички манифест во боја
Повеќе од обичен мит, Citroën E-MEHARI е револуционерен модел дефиниран од перото на Jean-Charles de Castelbajac под мотото игра на бои, игра на улоги, игра на зборови.

Слободен уметнички пристап на Art car, графички манифест според изгледот на постерот од Мај 68, кој ги следи патниците кон нови хоризонти – носители на желбата за нов поинаков свет. Неговата изработка во боја испраќа посебна порака: црвено за страст, жолто за сончеви зраци, сино за електричен и еколошки автомобил.
MAIARI_CL-18.021.014_747X400