DIVINE DS

Légende ci-dessous
DIVINE DS

Докажан успех со повеќе од 500 000 продадени автомобили за четири години во светот, во 2014 DS постанува посебна марка. Нејзината најнова креација: концепт возилото DIVINE DS претставува концентрат на ДНК на марката. Дизајниран и креиран во Париз (Франција), претставува инкарнација на DS :

– Оригинални стилистички кодекси: компактен изглед со четири врати (4,21 m) во сив метал со суптилен отсјај, DIVINE DS ве магнетизира и маѓепсува уште на прв поглед со својот моќен стил, елеганција и фасцинантноста. Површина со сензуални облини и форми дополнително анимирани со графичкиот потпис ‘DS Wings’, идеални и истенчени странични линии а покривот е единствен во светот. Уникатна надворешност, беспрекорна внатрешност! Ентериерот на DS е инкарнација на авангардност, ексклузивност и софистицираност.

– Иновација: ексклузивен концепт ‘Hypertypage’, DIVINE DS воспоставува нов начин на доживување на автомобил со понуда на ентериер од високата мода за целосен израз на неговиот карактер. Ентериерот DIVINE DS може да се облече во 3 различни универзуми кои меѓусебно се надополнуваат а сепак секој од нив да има посебен и уникатен изглед.
600X430_DivineDS_Cockpit
– Елеганција на француски начин: DIVINE DS е производ на доближување и соработка на « големи модни компании » секоја репер во својот домен, имиџот на Lesage за везење и шиење и Swarovski за кристали. Доказ за желба и капацитет на DS во надминување на законите и соединување на светови, премиерно во автомобилскиот свет!

– Технологија во служба на стилот: футуристичка и авангардна оптика со спој на трепкачите, технологијата Laser, со делови од покривот кои се подигнуваат за да се појави камерата за движење назад, со оптимизирана аеродинамичност,… изгледот на DIVINE DS е анимиран и енергичен. Внатре, технологијата на возачкото место со сценографија на « cockpit » и ексклузивна употреба на дигитален екран осетлив на допир, холографски приказ,…).

600X430_DivineDS_InterieurD2TAIL
DIVINE DS е израз на нашата генијалност и умешностИдеален спој на елеганција и технологијаовој концепт автомобил претставува суштината на тоа што е и што ќе биде DS.Претставен неколку седмици по раѓањето на марката, DIVINE DS идеално ја изразува оригиналноста на DS » Ив Бонфонт (Yves Bonnefont)генерален директор на марката DS.