SPACETOURER RIP CURL CONCEPT

SPACETOURER RIP CURL CONCEPT

На 52 -ро издание на саемот за возила за кампирање што се одржа во Париз од 30. Септември до 8. Октомври 2017, на штандот на Citroën посетителите можеа да го запознаат концептот SpaceTourer Rip Curl. Овој ван 4x4 номадски настроен и гостопримлив, уреден специјално да ви понуди неограничена авантура се базира на знаењата на Citroën и на Rip Curl. На овој саем Citroën понуди нови услуги на асистенција и продолжување на гаранција.

Citroën имаше значајна улога на Саемот на возила за кампирање со претставување на богата понуда на кампинг-возила пренаменети врз база на Jumper и SpaceTourer.
На својот штанд Citroën го претставува концептот SpaceTourer Rip Curl Concept, интерпретација на SpaceTourer со спортска намена и е производ на соработка меѓу Citroën и Rip Curl. Овој модерен ван, репер за максимална подвижност и симбол на авантура без ограничувања, со можност за трансформација на 4×4 во соработка со Automobiles Dangel. За надминување на сите ограничувања, ентериерот на ова компактно кампинг возило е дизајниран од страна на Pössl.
Однадвор и однатре, дизајнот на ова возило за кампирање е функционален со примена на специјални и оригинални бои и материјали. Наменет за клиенти кои сакааат да бидат опкружени со природа, тој е издржлив, гостопримлив и наменет за секојдневно живеење. SpaceTourer Rip Curl Concept ќе го придружува тимот на Rip Curl за време на турнејата Rip Curl Tour by Citroën меѓу октомври 2017 и јануари 2018!

Посетителите имаа можност да уживаат во двете возила од гамата Citroën (SpaceTourer и Jumper), пренаменети во возила за кампирање.

На овој настан Марката претстави, без никаква доплата, услуга за асистенција за сопствениците на возила за кампирање на основи на SpaceTourer, Jumpy и Jumper : CITROËN CAMPING-CAR ASSISTANCE, помош на пат достапен 24 часа/ 7 дена во седмицата на три географски зони (Европа, Евроазија, Северна Африка) и 55 држави со 6 500 овластени сервисни центри. Citroën ќе понуди на некои европски пазари и продолжение на гаранција на сопственици на возила за кампирање.