Место

Légende ci-dessous
Место

C_42, меѓународен изложбен салон на Citroën

01_Vitrine-internationale

На авенијата Елисејските полиња бр.42, Citroën ве кани да доживеете оригинално искуство со посета на неговиот меѓународен изложбен салон C_42. Отворен од 2007, над 10 милиони посетители го запознаа ова оригинално, забавно и едукативно место.

Сопственост на марката со шевроните од 1927, авенијата Елисејските полиња бр.42, во 2007 постанува она што претставува и денес: меѓународен изложбен салон на Citroën.

Со исклучителен поглед на Париз, простор Lounge, зони за изложба и место за Racing, овој салон е место на споделување и комуникација за светот на Citroën.

Архитектура од стакло C_42

02_Architecture-de-verre

Овој невообичаен салон меѓу зградите на Хосман на авенијата Елисејаските полиња е единсвена градба целосно посветена на една марка. На меѓународен конкурс, проектот на Citroën C_42 е дизајниран и креиран од архитектот Мануел Готран (Manuelle Gautrand).

Во знакот на духот на иновацијата на Citroën, C_42 претставува транспарентно плико со поставување на шевроните на фасадата со што се преведува духот на креативноста својствена за марката.

C_42, жива витрина која дише во ритамот на “сезони Citroën”

03_C42,-une-vitrine-vivante...

Секоја нова сезона се најавува со нова тематска целина : претставување нов производ, спортски ангажман, истакнување на вредностите на Citroën како екологија, креативност на технологијата..

На врвот од зградата се наоѓа Citroën Social Club каде се наоѓаат сите актуелности на Citroën на социјалните мрежи во реално време. На ниво -1, просторот Citroën Racing ви овозможува со помош на 4D Кино, да доживеете сензации зад управувачот на DS3 WRC !