August 4, 2014

SPEEDY GONZALÓPEZ!

SPEEDY GONZALÓPEZ!

- На домашен терен José-María López го даде максимумот со освојување на пол позиција и две трки извозени во Аргентина.
- Лутиот ривал на Pechito на Светскиот шампионат, Yvan Muller двапати се искачи на подиумот додека Sébastien Loeb заврши на четврто и на шестото место.
- Благодарение на неговиот идеален резултат, José-María López оствари 60 поени повеќе од Yvan Muller.

Веќе загреан од сонцето, амбиентот на автодоромот достигна точка на вриење кога младиот Matias Rossi се истакна со својот Citroën во делот на Turismo Nacional, на прогласувањето на почетокот на трките во рамките на FIA WTCC.

Малку подоцна, José-María López се квалификува за пол позиција во трката 1. По гаснењето на црвените светла, оствари одличен старт и се постави на чело пред Norbert Michelisz, и ги надмина Yvan Muller и Sébastien Loeb еден по друг. Во текот на трката разликата се зголемуваше, дури иако Muller беше под постојана закана од страна на  Loeb.

По тринаесет затворени трки со квалификациски карактер, Pechito López ги воодушеви 40 000 гледачи со преминување на целната линија како победник ! Зад него Michelisz, двата други Citroën C-Elysée WTCC си го сочуваа позициите.

Неколку минути подоцна, возилата се поставуваа за втората трка. Се превртен редослед за првите десетмина, ова второ соочување ветуваше повеќе возбуда од првото !

Уште во првите неколку метри, првиот во групата се покажа малку нервозен. Sébastien Loeb изгуби три места поради својата стратегија на стартот која не започна како што посакуваше тој, а Yvan Muller се одлучи да биде претпазлив во целиот тој метеж. Од сето ова профитираше ѓаволот Pechito López, кои си го ослободи патот од сите пречки кон седмата позиција на крајот од првиот круг.

Тројцата возачи на Citroën ја почестија аргентинската публика со серија од претекнувања. Наградата за борбеност оди кај Yvan Muller кој во цели три круга беше блокиран и се бореше “гради во гради” со Tom Chilton. Очигледно миленик на публиката беше José-María López, кој пет круга пред крајот на трката застана на чело надминувајќи го Rob Huff.

Покрај емоциите и уморот, двократниот победник на денот беше носен на рацете на неговите фанови. На подиумот му се придружија Yvan Muller и повторно третопласираниот Sébastien Loeb кој втората трка ја заврши на шестата позиција.

 

ПЛАСМАН ТРКА 1
1. José-María López (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
3. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
4. Sébastien Loeb (Citroën C-Elysée WTCC)
5. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
Најбрз круг : José-María López en 1’46’’456

ПЛАСМАН ТРКА  2
1. José-María López (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Rob Huff (Lada Granta 1.6T)
3. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
4. Gabriele Tarquini (Honda Civic WTCC)
5. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
6. Sébastien Loeb (Citroën C-Elysée WTCC)
Најбрз круг : José-María López en 1’45’’926

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВОЗАЧИ
1. José-María López 310 поени
2. Yvan Muller 250 поени
3. Sébastien Loeb 213 поени
4. Tiago Monteiro 146 поени
5. Gabriele Tarquini 121 поени

 СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

1. Citroën Total 686 поени
2. Honda 454 поени
3. Lada 247 поени