February 5, 2016

CONCEPT SPACETOURER HYPHEN : CITROËN ГО ПОЈАЧУВА ЗВУКОТ!

CONCEPT SPACETOURER HYPHEN : CITROËN ГО ПОЈАЧУВА ЗВУКОТ!

По повод лансирањето на SpaceTourer, CITROËN во соработка со француската поп електро група «HYPHEN HYPHEN» го претстави енергичниот концепт 4x4 во живи бои: концептот SpaceTourer HYPHEN. Оптимистичкиот и енергичен концептот SpaceTourer HYPHEN ќе биде звезда на CITROËN за време на Саемот во Женева!

CITROËN SpaceTourer HYPHEN со својот авантуристички изглед и живи бои ги отвора хоризонтите за патување. Дури и неговото име Hyphen (средна црта на англиски) спојува два света, оној на моноволумените со оној на SUV, градот со широки пространства … Зад воланот на овој автомобил сè постанува возможно.

Сосема природно се појавила врската помеѓу марката и музичката група HYPHEN HYPHEN.

Концептот CITROËN SpaceTourer HYPHEN нуди:

– ДИЗАЈН КОЈ Е ВИСТИНСКА ВИТАМИНСКА БОМБА,
Заштитнички и гостопримлив со изглед на вистински авантурист во хипер живи бои гарантирајќи  целосна слобода и функционалност.

– РЕГЕНЕРИРАЧКА (САМООБНОВУВАЧКА) ВНАТРЕШНОСТ, удобна за сите кои ќе посакаат да патуваат.
Патниците влегуваат во релаксирачки и колоритен амбиент .

– ОГРОМНИ МОЖНОСТИ ЗА ПОДВИЖНОСТ, покана за патување во апсолутен комфор.
Моторниот погон 4×4 дозајниран од страна на  Automobiles Dangel гарантира пристап до недопирливи пространства.