November 28, 2014

SÉBASTIEN LOEB НА СТАРТНАТА ЛИНИЈА НА РЕЛИ ВО МОНТЕ КАРЛО СО DS 3 WRC!

SÉBASTIEN LOEB НА СТАРТНАТА ЛИНИЈА НА РЕЛИ ВО МОНТЕ КАРЛО СО DS 3 WRC!

Деветкратниот светски шампион и седумкратниот победник, Sébastien Loeb и Daniel Elena повторно ке бидат заедно зад управувачот на DS 3 WRC на рели трките во Монте Карло, на отворањето на Светскиот шампионат 2015. Овој оригинален ангажман, во рамки на престижното рели, го следи подемот на Марката DS.

Од Шведска до Австралија, преку Аргентина, WRC несомнено претставува најголем предизвик во светот на автомобилските натпревари на денешницата, поради различните терени и климатски услови. Со две светски круни и 23 победи, DS 3 WRC е модел со најбројни награди  во WRC. Легендарен предизвик, рели Монте Карло (19-25 јануари) ќе ја започне сезоната во југоисточна Франција.

Двата DS 3 WRC кои се одбрани за собирање на поени за производители се наменети за Kris Meeke / Paul Nagle – тим кој е потврден за целата сезона – пар на повратници! Специјалистите за рели кои во седум наврати ја однесоа победата, Sébastien Loeb и Daniel Elena ќе го прифатат предизвикот по едногодишна пауза на нивната заедничка кариера.

Често непредвидливи ситуации поради метеоролошките услови, ова Рели ќе му овозможи на тимот составен од французин и жител на Монако да го докаже своето искуство. На големите ентузијасти им се отвара важен предизвик, Seb et Daniel ќе ги импресионираат своите фанови кои со нетрпение го очекуваат нивното повторно враќање !

ИЗЈАВИЈА:

Ив Бонфон, Генерален директор на марката DS : « Откако им најавив денес на екипата Sébastien  Loeb и Daniel Elena дека ќе бидат на стартот на Релито Монте Карло со DS 3 WRC, беа пресреќни и воодушевени! Одлична можност за лансирање на марката DS во светот на Марка премиум. »

Ив Матон, Директор на Citroën Racing : « Со седум победи, Seb и Daniel се несомнено вистинските специјалисти за овој предизвик, убеден сум дека ќе го покажат својот натпреварувачки дух со DS 3 WRC кој пак ќе ги поседува најновите технички иновации. Нашите партнери Total и Abu Dhabi, ќе ја придружуваат гордо екипата во Монте Карло.»

Себастијан Лоеб : « Ниту за момент не се двоумев кога ми понудија да го отворам Светскиот шампионат на Рели 2015 со DS 3 WRC. Со Даниел, трката во Монте Карло ни претставува вистински фетиш. Со DS 3 WRC, « малиот болид » како што си го нареков откако излезе од фабрика, имам многу убави спомени ; Се надевам дека ова Монте Карло 2015 ќе ги надополни спомените. Личен предизвик за мене затоа што повеќе од една година не сум возел во оваа дисциплина. За неколку денови ќе ја возам трката Рели во Вар за да направам контакт со возилото. Во сезона на FIA WTCC, можноста да се вратам во семејството на рели ме возбудува и воодушевува! »