January 22, 2015

SÉBASTIEN LOEB ЈА ЗАПОЧНУВА СЕЗОНАТА 2015 СО РЕЛИ МОНТЕ КАРЛО!

SÉBASTIEN LOEB ЈА ЗАПОЧНУВА СЕЗОНАТА 2015 СО РЕЛИ МОНТЕ КАРЛО!

• Во првиот дел од сезоната 2015 : Себастијан Лоеб и Даниел Елена ќе бидат на стартот на Рели Монте Карло со DS 3 WRC.
• За време на овој оригинален ангажман, екипата која е деветкратен светски шампион ќе може да собира поени за Citroën Total Abu Dhabi WRT, исто како и Крис Меек и Пол Нагле.
• Третото возило DS 3 WRC кое ќе се најде на стартната линија ќе биде управувано од Mads Østberg и Jonas Andersson. Шампион WRC во класа јуниори, Stéphane Lefebvre – со својот совозач Stéphane Prévot – ќе ја започне сезоната со DS 3 R5.
• DS 3 WRC добија нови бои во чест на 60 години DS.

Нова сезона, нови бои… Легендарното дуо се враќа! Себастијан Лоеб и Даниел Елена ќе се најдат зад воланот на DS 3 WRC во рамки на предизвикот наречен Рели Монте Карло. Екипата е носител на девет светски титули и 78 победи (од кои седум во Монако) а овој настан е плод на соработката со Citroën Total Abu Dhabi World Rally Team.

На старт на новата сезона, ангажирани се три возила DS 3 WRC со бројни подобрувања : мотор, потпирање, аеродинамика, менувач … « DS 3 WRC е успешно возило со високи перформанси кое го направивме уште поконкурентно »,  изјави Гзавие Местелан-Пинон, Технички директор на Citroën Racing. « На пример, посебно се посветивме на моторот кој испорачува поголема моќност и вртежен момент за да понуди оптимална сигурност и перформанси. Искористувајќи ги правилата, повторно ги воведуваме командите на волан за премин на степени. Други промени се воведени во аердинамиката, со новиот спојлер-опаш назад, и новиот изглед напред како и распределбата и намалувањето на масата на возилото. Направивме промени на кинематиката на потпирањето назад. Работата ќе ја следиме и во наредните месеци, а ќе направиме и нови промени на аеродинамиката. »

Спортскиот правилник за 2015 претрпе повеќе промени. При секој предизвик, екипите ќе стартуваат според пласманите на шампионатот во петок и сабота. За последниот ден, редоследот ќе биде обратен од пласманот во релито (за возачите P1 и P2). Во Rally2, пеналите се менуваат од 5 на 7 минути по неуспешна специјала. На возилата кои ќе им биде одобрено да стартуваат повторно ќе имаат можност да го отворат патот. Друго важно правило е : ќе биде забрането пренесување на информации за средните времиња на екипите за време на специјалите.

ВАЖНА СРЕДБА ЗА CITROËN RACING

Рели Монте Карло ја отвара оваа новата сезона на легендарниот Светски шампионат во рели.

Со DS во 1950-те и 1960-те години , потоа со Xsara, C4 и DS 3 во последните години, Citroën Racing е една екипите која е најпристуна на пиедесталот на награди. Што се однесува пак за Себастијан Лоеб и Даниел Елена, поседуваат рекорден број на победи со седум успеси помеѓу 2003 и 2013 ! Третопласиран на светските трки за патнички автомобили (WTCC) во 2014, Себастијан Лоеб го најави своето враќање во WRC по едногодишно отсуство. Повторно во тим со Даниел Елена, младиот алзасијанец ниту момент не се двоумеше кога Ив Матон му понуди да седне зад воланот на DS 3 WRC.

Најпознатиот пар во историјата на дисциплината овојпат е ангажиран да заработува поени за Citroën Total Abu Dhabi World Rally Team со Kris Meeke и Paul Nagle. За овој ирски возач ова ќе биде седма трка во Монте Карло … Но втора во WRC. Овој недостаток во искуство не ги попречи да се качат на подиумот во 2014 со DS 3 WRC !

Mads Østberg и Jonas Andersson ќе учествуваат во секоја трка која е на агендата за 2015, а ќе се натпреваруваат со третиот автомобил DS 3 WRC помеѓу Гап и Монако. Норвежанецот досега имал само два старта на овој предизвик: 6-ти во 2013 и 4-ти во 2014, веднаш зад неговиот тимски соработник!

Ангажирани во Шампионатот FIA WRC2, победникот на FIA WRC Junior 2014 Стефан Лефебре, потпомогнат од Стефан Превот ќе управува со третиот DS 3 R5. Три автомобили DS 3 R5 ќе се најдат на стартната линија во оваа категорија.

ИЗЈАВИЈА

Ив Матон (Директор на Citroën Racing) : « Монте Карло е многу важно Рели за Citroën Racing. Контекстот на почетокот на оваа сезона, особено со враќањето на Себастијан Лоеб и Даниел Елена, го прави уште поспецијален! Знаеме дека сите погледи ќе бидат насочени кон нив и дека само и нивното присутво ќе претставува настан. Оваа прва трка целата екипа ја очекува со нетрпение. Трите возила на DS 3 WRC претрпеа промени со единствена цел: зголемување на перформансите. Нашите конкуренти исто така направија подобрувања на нивните возила и оттука мораме да ја задржиме и нашата конкурентност. Нашата амбиција е да бидеме меѓу најдобрите а напорите на екипата, искуството, враќањето на Себастијан Лоеб и подобрувањата на Kris Meeke и Mads Østberg се токму нашите адути. »

Себастијан Лоеб : « Кога Citroën Racing ми понуди да учествувам на ова рели, не се двоумев долго време ! Монте Карло се одржува на француски патишта, го сакам амбиентот и близината на нашите поддржувачи. Пресреќен сум што повторно ќе доживеам сензации зад воланот на DS 3 WRC ! Првиот ден е посветен на тест трките, каде го осетив ритамот кој многу брзо ми се врати ! Стилот на управување е многу поразличен од оној на C-Elysée WTCC. Со моторен погон на сите четири тркала и на нормален пат, треба многу повеќе да се импровизира. Овие тестови беа од голема корист, иако малку комплицирани кога станува збор за подготовка на Рели Монте Карло. Мојата амбиција е да бидеме конкурентни и да го сочуваме спортскиот дух и покрај тоа што не сум се натпреварувал повеќе од една година. Секогаш кога се наоѓам на стартот на една трка го давам најдоброто од себеси. Тоа ќе биде случај и овојпат, и ќе се борам за победа ! »

Kris Meeke : « Пресреќен сум што ќе ја започнам оваа година со Citroën Total Abu Dhabi World Rally Team. Во 2014, ги запознав најголем број од релите кои беа на агендата. Научив многу, и сфатив колку е важно да се прават километри. Сите возачи се усовршија во целата втора сезона и се надевам дека јас не отстапив од ова правило. Од друга страна пак, мислам техничките подобрувања направени на DS 3 WRC ќе ни овозможат да постигнеме и подобри перформанси. Во Монте Карло, Citroën Racing отсекогаш постигнувал одлични резултати и има одлично искуство од овој предзвик. Мојата цел е да се борам за првите места. »

Mads Østberg : « Ја завршив сезоната 2014 со добар feeling. Да се продолжи со Citroën Total Abu Dhabi World Rally Team е многу позитивно. Минатата година научив многу со нов автомобил и новата екипа. Дури иако понекогаш е тешко да се одреди цел на почетокот на сезоната, јас би сакал да продолжам да се развивам и усовршувам. Ќе ги следам трките една по друга и се надевам дека оваа стратегија ќе ми донесе резултати. Монте Карло е потенцијално најкомплицирано рели на годината. Во зависност од временските услови може да се соочиме со сув или влажен асфалт, пролизгувања, мраз дури и снег … Понекогаш и со истите пневматици ! Што претставува вистински предизвик. За успех во Монте Карло, потребни ни се добри пневматици, добри отстранувачи на патот и добра екипа! »

Стефан Лефебр: « Ова е сосема нов предизвик за мене. Зад воланот на ова возило со моторен погон на сите четири тркала сè се одвива многу брзо. За време на паузата, ги прилагодив белешките со Стефан Превот. На крајот од сезоната 2014, со две трки со DS 3 R5, добив во време . Подготвен сум за стартот во Монте Карло. Еднаш учествував на ова рели, но обиколката беше поразлична. Мислам дека целосно се обучив со Citroën Racing, екипата PH Sport, Стефан Превот со мене и помошникот Александар Бенге. Мене ми преостанува да ги искористам сите овие адути и да бидам високо конкурентен. »

МОНАКО-ГАП-МОНАКО ПРЕКУ КОЛ ДЕ ТУРИНИ

Ѕhakedown е предвиден за среда 21 јануари од 16h00 до 20h00 во ШатоВиеу на шест километри јужно од Гап.

Стартот на рели е предвиден за наредниот ден од Плоштадот Казино на Монако во 18h30 за првата етапа наменета за испраќање на конкуренти во Гап. По две ноќни специјали (Антрево-Руен / Норанте-Дињ Ле Бен), првото возило  ќе влезе за асистенција во 23h26.

Во петок денот ќе започне во 8h10 со два оригинални круга составени од три специјали (Салата во Бомонт – Корп/Асперс ле Корп – Шофеје/ Ле Кост- Сент Жулиен во Шампсор) одделени со една асистенција во Гап во 12h37. Враќање во Парк Ферме во 18h02.

Во сабота, екипите ќе го напуштат Гап и ќе се упатат кон Монако со четири класични специјали кои се на програмата: две во Пруниер- Ембрун, 51,70 километри од Лардиер и Валенса – Феје и 36,85 километри од познатите Систерон- Тоард.

Недела, пристигнувањето ќе се оценува од еден единствен круг… Почеток на денот од Кол Сент Жан – Сент Лорен пред долгата верзија на Кол де Турини. Вториот премин во Кол Сент Жан- Сент Лорен ќе послужи како Power Stage од 12h08. Екипите ќе ја напуштат последната асистенција за да се подготват за подиумот во 13h49.

Важно: за разлика од претходните години Рели Монте Карло дозволува ‘Rally2’ но само во првите два дена. Доколку ја напушти трката во сабота нема да му биде дозволено стартување во недела.

ПОКАНА НА ‘RACLETTE PARTY’ !

Citroën Racing организира вечера со коктел во среда на 21 јануари од 19h15 во Паркот за асистенција во Гап. Ив Матон, директорот на Citroën Racing, ќе го искористи овој настан за да ги презентера целите и спортската програма за сезона 2015 а екипите (WRC до 20h и JWRC од 20h) ќе бидат на располагање за интервју.