April 19, 2017

САЕМ НА АВТОМОБИЛИ ШАНГАЈ 2017 : SUV ОФАНЗИВА НА CITROËN

На Саемот на автомобили во Шангај 2017, кој ќе започне на 21 април, Citroën ќе ја обелодени својата светска офанзива во 2017 на полето на SUV автомобили со претставување на два свои најнови модели.

Најавено е светско премиерно претставување на новиот C5 Aircross, кој наскоро ќе се комерцијализира во Кина, а ќе биде изложен заедно со концептот C-Aircross, предвесник на компактниот SUV C3 Aircross чие наскоро лансирање е предвидено за Европа. Овие два модели подготвувват терен за « нова генерација » на SUV автомобили кои ќе бидат препознатливи по перформансите и удобноста во патничкиот простор. Овој Саем на автомобили е одлична можнст за mарката да се изрази во сегментот на лимузини, пазар кој сеуште е најрастечки во Кина. Новиот C5 Aircross, се произведува и комерцијализира во Кина е збогатен со нов дизајн и најнова технологија за да ги воодушеви и најпребиливите купувачи. Минатата есен во Париз беше претставен концептот CXPERIENCE кој за првпат ќе биде изложен на овогодинешниот саем на автомобили во Кина. Овој концепт е карактеристичен претставник на програмата Citroën Advanced Comfort® и ги навестува сите наредни големи лимузини од Citroën.