September 7, 2017

ПРВИТЕ ТЕСТОВИ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА CITROËN C3 R5 !

ПРВИТЕ ТЕСТОВИ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА CITROËN C3 R5 !

• По едногодишни истражувања и пресметки за дизјанирање, Citroën Racing оваа недела ги направи првите тестови за создавање на C3 R5.
• 100% новиот производ наменет за трки Citroën C3 R5 има за цел да постане нов репер во својата категорија.

Од 2013, правилникот за R5 создаден од Меѓународна автомобилска федерација најави нова генерација на возила за рели наменети за екипите како и за приватни клиенти со контролирана цена но сепак квалификувани за « mini-WRC » според нивната техничка спецификација : моторен погон на четири тркала, мотор 1.6 турбо сo директно вбризгување, околу 280 КС., секвенционален менувач …

Успехот во категоријата се објаснува со универзалноста на R5 кој ќе се натпреварува во WRC 2, во ERC и во голем дел од државни шампионати. Многу набрзо  C3 R5  ќе се бори во екипата на Citroën Racing!

BW5K6090
« Оваа недела се направени првите тестови на возило кое многу наликува на крајниот производ », објасни Ив Матон, Директор на Citroën Racing. « Техничките карактеристики се јасни, нашата цел е Citroën C3 R5 да постане репер во категоријата на перформанси, доверба, контролирани трошоци. За да созадеме  производ кој ќе биде 100% нов, го применивме целокупното искуство на Citroën Racing во WRC, како и соработка со нови технички добавувачи како Sadev за преносот или пак Reiger за потпирањето. Посебен допринос при тестовите имаа и нашите возачи Стефан Лефебре и Крег Брин. »

«  За прво возење на комплетно возило сме навистина близу до возилото кое ќе се понуди на клиентите. Овие тестови се одвиваат на земјена подлога за да се покаже и докаже издржливоста », објасни Пјер Будар Директор на развој на возила за натпревари. « Постои директна врска помеѓу C3 R5 и C3 WRC : каросеријата на двете возила е дизајнирана од ист инженер.»

По овој прв тест, Citroën Racing ќе продолжи со развој на C3 R5 на земјена и на асфалтна подлога повикувајќи различен профил на клиенти- возачи за да создаде навистина мултифункционален производ. Хомологација од FIA ќе се побара во 2018.

BW5K6026