October 27, 2016

ПРВА ТРКА СО ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ЗА DS VIRGIN RACING

ПРВА ТРКА СО ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ЗА DS VIRGIN RACING

Првиот дел од денот беше особено позитивен за двата возачи на DS Virgin Racing додека првата трка од Сезона 3 за Formula E имаше разочарувачки финиш.

Во Хонк Конг, Сам Бирд беше принуден да го отстапи првото место поради технички проблеми. Хозе Мариа Лопез мораше да се соочува со проблемите кои ги имаше поради контактот со другиот автомобил на првиот свиок.

Сам Бирд ја покажа својата голема борбеност за време на слободните трки и го освои четвртото време во квалификациите.
Ѕвезда на денот беше сепак аргентинецот Хозе Мариа Лопез со освојување на третата позиција на стартната линија.

Со исклучување на светлата и двата возачи на DS Virgin Racing имаа одличен старт. Сам Бирд го помина Хозе Мариа Лопез на првиот свиок. Но веднаш потоа аргентинецот имаше контакт и го изгуби држењето на патот со својот едносед.

По промената на едноседот, веднаш по поминувањето на safety car, вториот едносед на Сам Бирд не стартуваше во моментот и ја заврши трката на 13-то место, без поени.

На целта, Сам Бирд изјави: « Имав технички проблеми при промената на едноседот, малку бев фрустриран поради тоа но подобро е да се најде техничко решение во оваа воведна трка отколку во текот на сезоната.. »

Одговорниот на тимот, Алекс Таи, додаде : « Денес докажавме дека вредеше создавањето и дизјанирањето на DSV-02, во соработка DS Performance. Имаме навистина стартен и брз едносед, но денес немавме среќа. Убеден сум дека во Маракеш ќе се покажеме во вистинско светло. »

Силвен Силвен Филипи, Директор на технологијата DS Virgin Racing, одговорен за кампањата ‘Human Element’ изјави : « Очигледно е дека не очекувавме ваков резултат по квалификациите. Затоа сме малку фрустрирани. »