December 18, 2015

ПРАЗНИЧНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО САЛОНОТ НА C_42

ПРАЗНИЧНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО САЛОНОТ НА C_42

ПРАЗНИЧНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО САЛОНОТ НА C_42

Како што авенијата на Елисејските Полиња светнува за време на новогодишните празници на големо задоволство на Парижаните и туристите, исто така и салонот C_42 се приклучува на свеченостите, збогатен со концепт автомобилот CITROËN AIRCROSS (за прв пат во Франција) и креативната продавница полна со големи идеи вклучувајќи ја и сосема новата BUMP YOUR LIFE линија инспирирана од CITROËN C4 Cactus.

Црвено-белите фасадни илуминации кои го красат салонот, фантастично се вклопуваат со спектакуларниот light show на Елисејските Полиња.

Духот на Божиќ тивко се проткајува низ салонот C_42, од самиот прв кат во тркачкиот дел каде вниманието го привлекува CITROËN FIA WTCC титулата светски шампион со возилото C-Elysée, па се до последниот кат каде посетителите кои што сакаат малку возбуда може да уживаат на поставената транболината и да се фотографираат скокајќи. Доколку сакаат спомен фотографија во испечатена форма може веднаш да ја добијат.

Во салонот C_42 е претставен концепт автомобилот CITROËN AIRCROSS кој е прикажан за прв пат во Франција, после своите претставувања во Шангај и Франкфурт. Овој автомобил беше откриен во пролетта 2015 година, кога CITROËN го прослави својот 50 мил. продаден автомобил од самото постоење на оваа компанија.

Салонот C_42 нуди големи идеи за подароци за целото семејство, вклучително новата BUMP YOUR LIFE линија, директно инспирирана од AirBump® заштитата на каросеријата кај возилото CITROËN C4 Cactus. Оваа линија вклучува патна торба и чанта.

Овие стилски и функционални предмети се прекрасен додаток на другите колекции на CITROËN LifeStyle, како играчки, маици итн.

Погледнете празничното издание на C_42 салонот на следново видео: