Договорна гаранција

Договорна гаранција

Двогодишна гаранција

ДОГОВОРНА ГАРАНЦИЈА

Двогодишна договорна гаранција

00servis

AUTOMOBILES CITROËN дава гаранција на Вашето ново возило
за сите грешки во производството, во текот на 2 години, без ограничување на
километражата, освен ако постојат посебни спротивни одредби што сте
ги примиле на знаење, почнувајќи од датумот на испораката вам или на Ваш
ополномоштеник.
Тој датум е наведен во “Гарантниот лист” во “Сервисната и гарантна книшка” што ја добивте со возилото.

Договорната гаранција покрива :

Освен ограничувањата наведени во “Сервисната и гарантна книшка”, договорната гаранција покрива бесплатна поправка или замена на делови за кои што Automobiles CITROËN или негов претставник ќе утврди дека се неисправни, како и потребната работа за доведување на возилото во исправна состојба. Таа постапка може да се изврши со нови или обновени делови, за што решава производителот или негов претставник.

Исто така, ако Вашето возило не е во возна состојба заради дефект покриен со гаранцијата, Automobiles CITROËN или негов претставник ги сноси евентуалните трошоци за поправка на дефектот на лице место или одвлекувањето на возилото до работилница на најблискиот овластен сервис на CITROËN, до оддалеченост од најмногу 100 километри.

 ГАРАНЦИЈА НА БОЈА:

Со договорната гаранција, Automobiles CITROËN дава и гаранција која што ги покрива сите грешки на оригиналната боја и лак на каросеријата, од датумот на испораката наведен во гарантниот лист во Сервисната и гарантна книшка :

– во траење од 3 години за патничко возило,

– во траење на договорната гаранција за комерцијално возило.

ГАРАНЦИЈА НА ПЕРФОРАЦИИ:

Automobiles CITROËN дава гаранција на возилото која што го покрива оштетувањето настанато заради перфорација од внатрешната кон надворешната страна на каросеријата, од датумот на испораката наведен во гарантниот лист во Сервисната и гарантна книшка, во траење од :

– 12 години за патничко возило.

– 5 години за комерцијално возило.