September 5, 2017

CITROËN ГО ОТКРИВА СВОЈОТ НОВ СЛОГАН «INSPIRED BY YOU» НА САЕМОТ ВО ФРАНКФУРТ 2017

CITROËN ГО ОТКРИВА СВОЈОТ НОВ СЛОГАН  «INSPIRED BY YOU» НА САЕМОТ ВО ФРАНКФУРТ 2017

Откако ја претстави својата кампања под назив ‘Citroën Inspired by You’ на Саемот на автомобили во Париз 2016, Citroën сосема природно кампањата ‘INSPIRED BY YOU’* ја претвори во свој потпис. Новиот интернационален потпис Citroën го истакна на својот штанд на Саемот во Франкфурт 2017.

Од раѓањето на марката, Citroën непрестано дизајнира нови иновативни решенија со цел подобрување на животот во автомобилот: Од Traction Avant до 2 CV, од Type H до Berlingo, од Méhari до E-MEHARI, од моноволумените Picasso до коросоверот Aircross, Citroën се афирмира како популарна марка во благородничка смисла на зборот: марка чиј приоритетен извор на инспирација се луѓето и нивниот стил на живеење.

Марка која отсекогаш инвестирала во духот на ‘people minded brand’, денес сосема природно го воведува својот нов потпис: ‘INSPIRED BY YOU’*.

Овој нов потпис на марката следи по кампањата на марката под назив ‘Citroën Inspired By You’ за првпат претставена на Самот на автомобили во Париз 2016, а потоа и имплементирана на меѓународно ниво, поточно во Јужна Америка и Кина во првата половина од 2017. Овој нов потпис на марката ‘INSPIRED BY YOU’ го наследува ‘CRÉATIVE TECHNOLOGIE’ (2009) и за првпат ќе биде истакнат на Саемот во Франкфурт 2017.

Многу повеќе од обичен потпис, ‘INSPIRED BY YOU’ е вистински crédo кој е одраз на оригинални решенија кои Citroën им ги нуди на своите клиенти, и тоа во делот на :

– производи: според имиџот на Новиот C3 или пак кросоверите C3 Aircross и C5 Aircross.

– технологии: според имиџот на ConnectedCAM CitroënTM, Airbumps® или пак Progressive Hydraulic CushionsTM (прогресивно хидраулично потпирање во согласност со програмата ‘CitroënAdvanced Comfort’).

– услуги: нови услуги за подвижност од примерот на Citroën Rent&Smile или Citroën Earn&Drive, но и поврзани услуги од типот на мобилните апликации MyCITROËN и Scan MyCITROËN.

– односи со клиенти: веб страна за онлајн мислења Citroën Advisor или новиот концепт на ново урбано продажно место ‘La Maison Citroën’.

Сите докази за трансформација на Citroën кои покажуваат дека духот на новиот слоган ‘INSPIRED BY YOU’ се шири низ целиот екосистем на марката.