May 19, 2014

Осумдесетти роденден на Traction Avant

Во 1934, Citroën го лансираше својот нов модел « 7 A » кој многу брзо купувачите го нарекоа Traction Avant затоа што имаше моторен погон на тркалата напред, вистинска иновација за еден модел со сериско производство. Конструиран за само 12 месеци, имаше за цел да се позиционира над конкурентите и да си обезбеди долгорочен успех.

За таа цел, André Citroën инвестираше многу и собра околу себе вистински талентирани експерти.

Возилото беше претставено на медиумите на 18 април. Уште наредниот ден, спортскиот магазин L’Auto забележа  « толку е иновативен, толку богат со оригинални солуции, толку поразличен од останатите што го заслужува епитетот сензационален». Концентрат на технологии, вистинска бомба која ќе ги неутрализира сите технички конформисти за да воведе нова дефиниција на автомобил.

Traction Avant е брзо и економично возило со оригинално држење на патот со што се истакнува над коцкастите каросерии карактеристични за тоа време. Во текот на дваесет и тригодишно постоење, произведени се три Traction Avant: « 7 », « 11 » и « 15 Six ».

Понудени со различни каросерии, кои ги воодушевуваа купувачите со 759 123 примероци составени во фабриките на Citroën de Javel во Париз( Франција) – лулката на марката –,

во Slough, Англија, во Forest, Белгија  и во Келн, Германија. 80 години по неговото лансирање Traction Avant е сè уште атрактивен!