April 26, 2016

ОДЛИЧЕН SCORE ЗА CITROËN ВО УНГАРИЈА !

ОДЛИЧЕН SCORE ЗА CITROËN ВО УНГАРИЈА !

Со две последователни победи на влажните писти на Унгарија, возилата Citroën C-Elysée WTCC заработија максимум поени и се рангираат на врвот на Светскиот шампионат за Производители. Во делот на возачи, Хозе Марија Лопез се враќа во форма со трета победа во главната трка, додека пак Иван Милер започнува со низа качувања на подиумите.

По најавениот дожд и ладно време на пистите во Унгарија возачите и инжинерите пристигнаа во нивните paddock, и започнаа со подесувањата на Citroën C-Elysée WTCC за вакви временски услови.

По првите два круга за запознавање Иван Милер и Хозе Мариа Лопез се одлучија за  пневматици slicks.При исклучување на светлата Мехди Бенани ги искористи своите пневматици за дожд за да се постави пред Иван Милер. Но по само неколку свиоци четирикратниот светски шампион се подлизна и дозволи две возила да го поминат.

Мехди Бенани имаше целосна контрола врз трката, а двајцата возачи на тимот на Sébastien Loeb Racing исто така се докажаа во рамки на екипата. Том Шилтон се искачи на втората позиција а Грегоар Демустије на седмото место.

Иван Милер и Хозе Марија Лопез останаа безнадежни за поени во оваа трка и се трудеа да соберат повеќе информации за главната трка. На целната линија Мехди Бенани и Том Шилтон овозможија двојна победа на Citroën, со максимален број на поени.

За  главната трка поради временските услови сите конкуренти имаа пневматици за дожд. Поставен на пол позиција Хозе Марија Лопез имаше одличен старт како и Иван Милер кој од осмата позиција се постави на третата уште при првиот свиок !

Уште во вториот круг, Иван Милер се постави пред Роб Хуф. Милер и Лопез ги сочуваа челните позиции но разликите брзо се намалуваа така што се најавуваше возбудливо финале !

Во деветтиот круг, Роб Хуф се позиционира на втората позиција отатко го поттурна Иван Милер при едно нагло сопирање. По истрагата, одговорните пресудиј drive through за британецот така што возачот на Citroën C-Elysée WTCC n°68 ја превзема неговата позиција.

Со втората двострука победа на Citroën марката се позиционира на чело на Светскиот шампионат за производители со четириесет поени пред второпласираниот. Лидер на возачи уште од квалификациите, Хозе Мариа Лопез со дополнителни дванаесе поени.

Следната трка на FIA WTCC ќе се одржи во Маракеш, во земјата на Мехди Бенани од 6 до 8 мај.

CLASSEMENTS

Отворање
1. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Nick Catsburg (Lada Vesta WTCC)
4. Fredrik Ekblom (Volvo S60 WTCC)
5. Gabriele Tarquini (Lada Vesta WTCC)
6. Hugo Valente (Lada Vesta WTCC)
7. Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)
8. John Filippi (Chevrolet RML Cruze TC1)
9. Ferenc Ficza (Honda Civic WTCC)
10. René Münnich (Chevrolet RML Cruze TC1)
13. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
14. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
MT : José María López en 2’09’’820

ГЛАВНА ТРКА
1. José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
4. Thed Bjork (Volvo S60 WTCC)
5. Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
6. Rob Huff (Honda Civic WTCC)
7. Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1)
8. Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
9. Hugo Valente (Lada Vesta WTCC)
10. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
MT : José María López en 2’10’’774

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВОЗАЧИ

  1. José María López 106 поени
    2. Tiago Monteiro 94 поени
    3. Mehdi Bennani 77 поени
    4. Rob Huff 60 поени
    5. Yvan Muller 54 поени
    8. Tom Chilton 40 поени
    14. Grégoire Demoustier 7 points

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

 

  1. Citroën 263 поени
    2. Honda 223 поени
    3. Lada 133 points
    4. Polestar 66 поени