May 10, 2016

НОВИТЕ CITROËN C4 PICASSO и GRAND C4 PICASSO : ДИЗАЈН И КОМФОР – НОВА ПОКАНА ЗА ПАТУВАЊЕ

НОВИТЕ CITROËN C4 PICASSO и GRAND C4 PICASSO : ДИЗАЈН И КОМФОР – НОВА ПОКАНА ЗА ПАТУВАЊЕ

Комерцијализирана во 2013, втората генерација на Citroën C4 Picasso бележи вистински успех со повеќе од 300 000 клиенти воодушевени од неговиот дизајн и исклучителна удобност. Новиот C4 Picasso преминува во нова етапа од ова лето 2016. Новиот изглед напред, понудата на двобоен покрив како и четири нови можности за персонализација на внатрешноста гарантираат поголема динамичност и препознатливост. За ново и уникатно искуство зад управувачот на Новиот C4 Picasso во себе има вградено најнова интуитивна и корисна технологија од примерот на Hands free на задна врата и нова понуда за навигација со CITROËN Connect Nav како и нов мотор: PureTech 130 S&S EAT6. Новиот Citroën C4 Picasso нуди глобална синтеза за удобноста на телото и на духот според имиџот на програмата Citroën Advanced Comfort®.

Производ на најдоброто од умешноста и креативноста на марката Citroën, Новиот C4 Picasso е модерен и иновативен моноволумен. Се истакнува со силен и експресивен дизајн, со динамични линии и оригинален светлосен потпис напред и назад. Оригинални пропорции кои се спој на компактност и просторност како и зафатнина на багажниот простор кој претставува репер во сегментот. Внатрешниот простор е во духот на loft и нуди прочистен и осветлен амбиент, со материјали кои оддаваат перцепција на квалитет и удобност. Урамнотежена динамичност на C4 Picasso благодарение на платформата EMP2, која претставува спој на беспрекорно држење на патот и комфор својствен за Citroën за сите патници.
Уште од неговото комерцијализирање гарантира технологии во служба на удобност од примерот на панорамски екран осетлив на допир од 12’’ HD, како и други иновации за лесно и релаксирано возење од примерот на Vision 360, Park Assist или пак прилагодлив регулатор на брзина. Новиот Citroën C4 Picasso е новиот моноволумен и е синтеза на:

АТРАКТИВЕН ДИЗАЈН, со флуидни и модерни линии за акцентирање на неговиот динамизам и карактерност благодарение на новиот изглед напред карактеристичен за двата модели, новите светла назад во « 3D ефект » во сериска опрема, нови алуминиумски тркала од 17’’, и двобоен покрив посебен за C4 Picasso, боја Silver на носачите на покривот кај Grand C4 Picasso, како и 3 нови бои на каросеријата

УДОБНОСТ ЗА СИТЕ со својата просторност, прилагодливост и динамички квалитети :

  • Избор на четири нови ентериери кои се прилагодуваат на стилот на живеење на секој ;
  • Корисни технологии за поедноставен живот со новата навигација 3D CITROËN Connect Nav поврзана со нов таблет на допир од 7’’ со нови услуги. Овој нов систем обезбедува оптимизирана примена на екранот од 12’’ HD со одлична флексибилност и читливост. Друга нова технологија за полесно секојдневие, Hands free задна врата за отворање на багажниот простор со едноставно придвижување на ногата;
  • Технологии за едноставно управување во корист на безбедното патување и препознавање на сообраќајните знаци за препорачана брзина, Регулатор на брзина кој се прилагодува со функцијата Stop, Активно предупредување за несакано преминување на коловозната линија, Active Safety Brake, Преупредување за поголемо внимание на возачот или пак Активен систем за надгледување на мртвиот агол;
  • Новите мотори, PureTech 130 S&S EAT6 Euro6 и BlueHDi се спој на перформанси на намалена потрошувачка.

 

« Нашиот Нов  Citroën C4 Picasso е производ на најдоброто од нашата  умешност и знаење. Покрај уникатниот дизајн, истовремено е модерен и динамички, нуди и неспоредливо  ниво на удобност. Неговата архитектура и платформата  EMP2 гарантираат идеален спој на просторност, прилагодливост и динамички квалитети за сите патници. Денес го збогатуваме со целосно нови корисни технологии  за да гарантира уште поголема сигурност во секојдневието. Новиот  C4 Picasso ги поседува  сите особини за да биде лидер на европскиот пазар» изјави Линда Џексон, генерален директор на Citroën.