August 10, 2018

НОВИОТ SUV CITROËN C3 AIRCROSS: 100 000 ПРОДАДЕНИ ВОЗИЛА!

На десет месеци од комерцијализацијата, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross веќе изброи 100 000 продадени возила, од кои околу 40 000 во Франција. Овој нов модел, втор најдобро продаван автомобил на марката, веднаш зад C3, е вистински пример за офанзивата на марката која на ниво на светска продажба регистрираше пораст од 9% во првото полугодие, со рекордна продажба во Франција во последните 7 години!

Новиот комкатен SUV Citroën C3 Aircross ја потврди својата комерцијална динамика со 100 000 продадени возила од неговото лансирање во октомври минатата година, од кои 70 000 од почетокот на оваа 2018 година. На овој начин овој модел се позиционира како втора најдобра продажба на Citroën веднаш зад новиот C3. Успех кој го потенцира моментумот на производната офанзива на марката: во првото полугодие од 2018, продажбата на Citroën на светско ниво забележа пораст од 9% (во споредба со првото полугодие од 2017) со рекордна продажба во Европа во последните 7 години.

Со оригинален дизајн, нагласена можност за персонализиција, бројни можности на прилагодување, но и 12 уреди за помош во возењето, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross ја потврди својата моќ на заведување со помош на разноликиот производствен микс и тоа:

  • 55% од нарачките се ниво на опременост Shine
  • 35% од нарачките се со една од 4 опционални ентериери
  • 25% од нарачките се со покрив bi-ton и 30% со ‘Pack Color’ (обоени делови на носачите на покрив, на страничното фиксно стакло, школките на ретровизорите и рамките на фаровите)

 

Новиот компактен SUV C3 Aircross е добитник на европската награда AUTOBEST 2018 и ‘Автомобил на годината’ од магазинот  Trophées Argus 2018 во Франција.