February 22, 2018

НОВИОТ КОМПАКТЕН SUV CITROËN C3 AIRCROSS СО 50 000 ПРОДАЖБИ!

Комерцијализиран во последниот квартал од 2017 со оригинална TV кампања, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross ја започнува својата комерцијална кариера со 50 000 продадени автомобили во Европа, од кои 23 000 во Франција!

Успех кој ги надмина предвидувањата на марката и го позиционира новиот модел како втор со најдобра продажба во гамата на Citroën, веднаш зад новиот C3. Овој резултат е потврда за новата динамична офанзива на марката. Во јануари 2018 Citroën забележа пораст од 19% на продажба во Европа (во споредба со јануари 2017).

Со оригинален дизајн и бројни можности на персонализација но и 12-те уреди за помош во возењето, Citroën C3 Aircross ја потврдува својата моќ на заведување со богатиот микс на продажба, и тоа:

– 60% од нарачките припаѓаат на највисокото ниво на опременост од гамата (Shine)

– 40% од нарачките опфаќаат еден од четирите опционални амбиенти на внатрешниот простор

– 30% од нарачките се со двобоен кров и 30% со Пакет во боја ‘Pack Color’

Досега е добитник на европската награда AUTOBEST 2018 и “Автомобил на годината” според Trophées Argus 2018 во Франција, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross е еден од седумте финалисти за престижната европска награда “Автомобил на годината 2018” чии резултати ќе бидат познати на 5 март.