December 14, 2017

НОВИОТ КОМПАКТЕН SUV CITROËN C3 AIRCROSS: КРУНИСАН ЗА НАЈДОБАР « SUV URBAIN » И « АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА » СО ТРОФЕЈ АРГУС 2018 !

Во рамки на церемонијата Трофеите на Аргус 2018 новиот компактен SUV C3 Aircross си заработи две награди. C3 Aircross беше крунисан со две титули: и тоа за најдобар « SUV URBAIN » во својата категорија и « АВТОМОБИЛ ARGUS 2018 » во сите категории. Одлична победа за овој новитет кој бележи огромен успех со 30.000 нарачки во Европа. SUV компакт со оригинален изглед и со 90 комбинации на персонализација, C3 Aircross воодушевува со акрактивните цени, но истовремено и со неговите карактеристики на патничкиот простор, неговата модуларност и неговите модерни технологии наменети за комфорот и безбедноста на патниците.

Од неговото лансирање во месец октомври, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross бележи вистински комерцијален успех со 30.000 нарачки во Европа од кои 15.000 во Франција. Неговите почетоци ветуваат многу во овој динамичен сегмент со вистински аргументи за овој « people minded » SUV инспириран од клиентите кои директно учествуваа во неговото создавање во зависност од начинот на којшто го доживуваат автомобилот.

Неговите квалитети се исто така признати и од специјализираните автомобилски магазини затоа што новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross – се наоѓа на листата од 6 финалисти за избор AUTOBEST како и помеѓу седумте финалисти во трка за престижната европска награда « CAR OF THE YEAR 2018 » – на крајот од оваа година ја доби и наградата « Трофеите на Аргус 2018 ».

ТРОФЕЈ АРГУС 2018 : « SUV URBAINS »

40 патнички автомобили за натпревари распоредени во 5 категории:  урбани, SUV урбани, SUV компактни, семејни и премиум, SUV семејни и премиум. Лауреат во категоријата « SUV урбани», C3 Aircross се наметна како најдобар компромис во очите на новинарите и техничките специјалисти од групацијата Argus.Оценувањето се базира врз 5 критериуми: цена на чинење на ново возило, цена по километар, остаточна вредност, потрошувачка и перформанси (квалитет, комфор, уживање во возењето и дизајн).

Етјен Менан (Etienne Menant),Одговорен за проектот C3 Aircross е презадоволен од наградата за најдобар « SUV urbain » доделена на новиот компактен SUV C3 Aircross : « Навистина сме горди на наградата за C3 Aircross. C3 Aircross ги обновува кодексите  на динамичниот сегмент  компактен SUV. Создадовме SUV со оригинален изглед, огромен потенцијал на персонализација и одлични можности за авантура,  кој ја поседува целокупната умешност на марката, а истовремено е дел од програмата Citroën Advanced Comfort®. Гарантира  беспрекорен комфор, најдобра просторност , исклучителна модуларност и светлина. Се вклопува во модерниот начин на живеење со бројните технологии за сигурност и поврзаност кои го олеснуваат секојдневниот живот подеднакво во град и на автопат».

ТРОФЕЈ ARGUS 2018 :  « АВТОМОБИЛ ARGUS 2018 »

Втора последователна година, Argus ја доделува наградата Супер Трофеј, за избор на победник во сите категории. Новиот компактен SUV C3 Aircross е избран за « Автомобил Argus 2018 » според истите критериуми за Трофеј по категории, но од страна на побројно жири, составено од автомобилски новинари од повеќето француски медиуми (Лорен Бодин- Алзас (Laurent Bodin – L’Alsace), Кристоф Буру RTL (Christophe Bourroux – RTL), Етјен Бруе – M6 Turbo (Etienne Bruet – M6 Turbo), Денис Каро- Ница Наутро (Denis Carreaux – Nice Matin), Себастијан Жакмар- Гласот на северот (Sébastien Jacquemart – La Voix du Nord),  Жан Лук Моро – RMC (Jean-Luc Moreau – RMC), Жан Мишел Норманд Le Monde (Jean-Michel Normand – Ле Монд), Силван Реисер- Ле Фигаро (Sylvain Reisser – Le Figaro), Матје Турел – Ле Паризиен (Matthieu Turel – Le Parisien), Бертран Белуа – L’argus (Bertrand Bellois – L’argus).

Со огромна радост ја примивме веста- изјави Линда Џексон – Директор на марката Citroën, и Александар Малвал, Директор на Стил Citroën, кога се качија на сцената за да ја примат наградата од страна на претседателката на групацијата Argus, за « Автомобил на годината. Втора награда која е доказ за тимската работа и посветеност, надополнета со успешниот комерцијален почеток со што се потврдува афирмираниот карактер на C3 Aircross.

« Пресреќни сме што го добивме супер Трофејот за Автомобил Argus 2018.  И тоа од место од каде што на 12 јуни премирено го претставивме нашиот нов C3 Aircross  пред францускиот и меѓународниот пишан медиум. Претставивме автомобил кој е репер на пазарот на SUV  компактни во смисла на комфор, примена и удобност зад управувачот. Марката годинава ги собира плодовите од нејзината посветеност со 230.000  продажби на C3 и 30.000 нарачки на C3 Aircross » – изјави Линда Џексон Директор на Марката Citroën.

« Горди сме на наградата од Argus но и сме презадоволни од приемот на нашите клиети на новиот C3 Aircross. Наградата за  автомобил на годината е вистинско признание за марката, но и за целокупната екипа.- изјави  Александар Малвал – Директор на Стил Citroën.