January 16, 2014

Новиот CITROËN Grand C4 Picasso прогласен за « Моноволумен на годината» од магазинот What Car?

Новиот CITROËN Grand C4 Picasso прогласен за « Моноволумен на годината» од магазинот What Car?

Откако беше избран за « Најдобро фамилијарно возило на годината » од страна на авто магазинот BBC Top Gear Magazine, новиот CITROËN Grand C4 Picasso повторно доби награда во Обединетото Кралство. На 8 јануари во Лондон ја доби наградата за « Моноволумен на годината » од страна на магазинот What Car ?.
Од неговото комерцијализирање во јуни 2013, новиот CITROËN C4 Picasso не запира со одликувањата и веќе оствари околу 60 000 продажби на верзиите со 5 седишта и 7 седишта.

Автомобилскиот магазин What Car ?, едно од најпрестижните англиски списанија, е воодушевен од бројните квалитети на новиот CITROËN Grand C4 Picasso во смисла на дизајн, стил и комфор.

Впрочем, новиот моноволумен на марката, кој неодамна беше комерцијализиран во Обединетото Кралство има бројни предности: возило со оригинален дизајн кој значително се разликува од верзијата со 5 седишта, хармоничност меѓу внатрешниот патнички простор и флуидноста на линиите, најдобра синтеза на пазарот во смисла на прилагодливост, просторност и пристапност благодарение на ефикасноста на новата платформа EMP2, рекордна емисија на CO2 со верзија од 98 g/km и новиот мотор BlueHDi 150 чија технологија гарантира намалување на стапката на NOx со непречено намалување на емисија на CO2.