October 24, 2013

НОВИОТ CITROËN C4 PICASSO TECHNOSPACE

НОВИОТ CITROËN C4 PICASSO TECHNOSPACE

Новиот CITROËN C4 PICASSO TECHNOSPACE

Новиот CITROEN C4 Picasso пристигна и во Македонија. Доказ за креативната технологија Creative Technologie на CITROËN, овој вистински Technospace ја одбележува промената на епохата -Силен и изразен дизајн со динамични линии и технолошки светла надополнети со светла назад со leds во 3D ефект инспирирани од најновите концепт возила на марката;

-Ентериерот е изработен во духот на loft во прочистен и јасен дух и материјали кои допринесуваат за квалитет зад управувачот. Новиот CITROEN C4 Picasso овозможува патување во прва класа и нуди седиште Relax со продолжение за дополнителна удобност за нозете;

-технологии кои допринесуваат за удобноста меѓу кои може да се вброи интерфејс во возeњето 100 % допирен со панорамски екран 12’’. И други иновации од примерот на Vision 360*, Помош при паркирање или активен регулатор на брзината и активни сигурносни ремени. Конструиран на новата платформа на групацијата PSA Peugeot Citroen EMP2 (Efficient Modular Platform 2), новиот CITROEN C4 Picasso покажува вистински отскок во генерацијата со:

-Оригинални пропорции кои се спој на компактност (L : 4,43m / l : 1,83m / H : 1,61 m), рекордна внатрешна просторност и рекордна зафатнина на багажниот простор (537 l VDA) ;

-Намалување на масата за 140 kg во споредба со претходната генерација, со иновативна аеродинамична обработка (SCx 0,71) гама на оптимизирани мотори, со верзија од 98 g/km CO2, рекорд во својата катергорија. Новиот CITROEN C4 Picasso ќе биде првиот модел на марката со мотор BlueHDi* кој ги задоволува стандардите Euro 6 со модул SCR (selective catalytic reduction) ;
-Нов баланс на возилото помеѓу комфор и држење на патот со електричен серво управувач и оптимизирано поврзување со подлогата за поголема агилност во секакви ситуации.