November 29, 2013

Новиот CITROËN C4 Picasso прогласен за « Најдобар увезен моноволумен »  во Германија

Новиот CITROËN C4 Picasso прогласен за « Најдобар увезен моноволумен »  во Германија

По наградата од « Auto Motor und Sport » и « Auto Bild », новиот CITROËN C4 Picasso повторно е награден во Германија. Прогласен е на  26 ноември во Дизелдорф за « Најдобар увезен моноволумен», награда доделена од читателите на Auto Zeitung, еден од најголемите германски магазини за автомобили. Оваа нова награда го потврдува успехот на овој модел, досега продаден во 45 000 примероци.

Новиот CITROËN C4 Picasso, Тechnospace, е избран од читателите на гермaнскиот магазин Auto Zeitung и награден со Auto Trophy « најдобар увезен моноволумен ». Новиот C4 Picasso е награден повеќепати во Европа што е доказ за неговиот успех. Во Австрија ја доби наградата за « Златен волан» од читателите на магазинот « Auto Bild », а потоа и « Autorevue Award 2013 » во категорија на моноволумени од читателите на автомобилскиот магазин « Autorevue ».Неодамна, беше избран за « Најубав моноволумен во 2013 година » за време на церемонијата « Autonis », организирана од германскиот магазин « Auto Motor und Sport ». Потоа се закити со наградата « Volant d’Or », доделена од европските читатели на групацијата магазини за автомобили « Auto Bild » и « Bild am Sonntag ». На 19 ноември во Франција го доби трофејот за « Такси на годината 2013/2014 »  од редакцијата на « Officiel du Taxi »,  која наградува возило најдобро прилагодено на професијата возач на такси. Во Ирска, ја доби наградата « Continental Irish Car of the Year 2014» во категорија  « Compact Family Car » од страна на 28 членови на IMWA (Irish Monitoring Writers Association). Новиот CITROËN C4 Picasso привлекува со своите бројни адути: моќен и изразен стил, ентериер во духот на loft, технологии во служба на удобноста и ефикасни мотори најдобри во класата со 98g/km CO2  (e-HDi 90 ETG6) и новиот мотор BlueHDi 150 кој ги задоволува стандардите Euro 6 со модул SCR (Selective Catalytic Reduction), технологија која гарантира значително намалување на емисија на NOx (-90%) со непречено намалување на емисија на CO2.Од нивното комерцијално лансирање, новите  CITROËN C4 Picasso и Grand C4 Picasso имаат остварено повеќе од 45 000 нарачки.