December 16, 2014

Новиот Citroën C4 Cactus ја доби наградата ‘Hatchback of the Year’ за 2014 од автомобилскиот магазин BBC TopGear

Новиот Citroën C4 Cactus ја доби наградата ‘Hatchback of the Year’ за 2014 од автомобилскиот магазин BBC TopGear

Новиот Citroën C4 Cactus e прогласен за ‘Hatchback of the Year’ од жирито на автомобилскиот магазин BBC TopGear Magazine кое беше воодушевено од филозофијата на Citroën C4 Cactus ‘помалку е повеќе’. Наградата на најновиот Citroën ‘Hatchback of the Year’ е една во низата на престижни награди меѓу кои се вбројува наградата за Grand C4 Picasso прогласен за ‘Family Car of the Year’ во 2013; DS5 ја доби наградата ‘Family Car of the Year’ во 2011 & DS3 е крунисан со ‘Car of the Year’ во 2010.

Со дизајнерска филозофија која има за цел цел да постане реална алтернатива на традиционалната компактна берлина, жирито на автомобилскиот специјализиран магазин  BBC TopGear се одлучи за Citroën C4 Cactus поради неговата ‘елегантна употреба на едноставни ресурси ’ како и неговиот ‘bubbly styling’, прогласувајќи го за омилен компактен автомобил за 2014 и еден од  ‘најпромислените автомобили на годината’.

Џејмс Парфет, Директорот на Citroën Обединето Кралство изјави; “Со новиот C4 Cactus, дадовме храбар одговор на потребите и приоритетите на денешните сопственици на автомобили. Навистина сме горди на оваа престижна награда доделена од познатиот специјализиран автомобилски магазин BBC TopGear. Новиот Citroën C4 Cactus одлично се држи на конкурентниот пазар како модел кој ги спои и поврза ефикасноста со практичноста во една неделлива, оригинална и функционална форма. Судиите додадоа, новиот Citroën C4 Cactus е автомобил кој се движи во нова насока и ја победува конкуренцијата во тој процес со  својата нова филозофија.”

Судиите се одлучија да го наградат Citroën C4 Cactus заради неговиот поедноставен и полесен дизајн  – од капакот на моторот од алуминиум до минималистичката внатрешност и заштитничката технологија Airbump® – дополнувајќи дека овие иновации допринесуваат за разумна цена на чинење и трошоци за одржување како за производителот така и за купувачот.