July 4, 2016

НОВИОТ CITROËN C3 РАСКАЖУВА ЗА СВОИТЕ АВАНТУРИ НА СОПСТВЕНАТА FACEBOOK СТРАНИЦА!

НОВИОТ CITROËN C3 РАСКАЖУВА ЗА СВОИТЕ АВАНТУРИ  НА СОПСТВЕНАТА FACEBOOK СТРАНИЦА!

« Гледам значи постојам»: е девизата на новиот Citroën C3 кој со вградената HD камера ConnectedCAM Citroën TM , нѝ дозволува секојдневно да сме заедно до лансирање на оригиналната дигитална маркетинг кампања. Карактерен и идеално поврзан со своето време ги соподелува своите авантури на сопствената Facebook страница, лансирана на 22 јуни 2016. Цело лето, фановите преку фотографии и видеа ги следат неговите авантури сè до неговото комерцијално лансирање во ноември.

Цело лето фановите ќе го следат новиот C3 на сопствена Facebook страница https://www.facebook.com/NovCitroenC3Makedonija/
Со изразени бои и без никакви предрасуди ги споделува своите искуства. Од првата личност со која се запознал до последниот настан на којшто учествувал, новиот C3 нѝ открива што всушност претставува, што доживува, и сето тоа со оптимизам и забава.
Со камерата ConnectedCAM Citroen TM инсталирана на горниот дел од ветробранското стакло, новиот C3 споделува фотографии и видеа : #FromMyConnectedCAM. Ја надлетува целата планета во потрага по најубавите пејсажи и моментално ги објавува на Facebook.
ConnectedCAM Citroën TM постанува сведок на сопствените искуства: со едноставен клик, новиот C3 фотографира или прави видеа од тоа што го гледа и го споделува на социјалните мрежи. Со камера од 120°, full HD, и 2 милиони пиксели, вграден GPS и внатрешна меморија, новиот C3 е во дух со своето време кој непрестано изненадува.