May 30, 2018

НОВ SUV CITROËN C5 AIRCROSS: SUV ОД НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА – УЛТРА МОДУЛАРЕН И РЕПЕР ЗА КОМФОР

НОВ SUV CITROËN C5 AIRCROSS: SUV ОД НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА – УЛТРА МОДУЛАРЕН И РЕПЕР ЗА КОМФОР

Citroën ја претставува европската верзија на новиот SUV C5 Aircross  и на тој начин ја одржува својата SUV офанзива на светско ниво.

Новиот знаменосец на марката, идеален примерок на новите модели Citroën, SUV од новата генерација инспириран од очекувањата и желбите на клиентите, со оригинален и афирмиран карактер, со неповторливи можности на персонализација и 30 комбинации на надворешност.Носител на програмата Citroën Advanced Comfort®, новиот SUV C5 Aircross е SUV со најмногу можности на персонализација и најудобен во својот сегмент. Со новото потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња ® и седишта Advanced Comfort, гарантира сосема ново доживување зад управувачот типично за Citroën.

Copyright William Crozes @ Continental Productions

Оригинална модуларност со 3 независни седишта назад со можност за лизгање, преклопување и накосување, како и багажен простор Best in Class од 580 l до 720 l. Модерен и high-tech, со 20 технологии за помош во возењето меѓу кои Highway Driver Assist, уред за автономно управување ниво 2, или пак Grip Control со Hill Assist Descent за успешно совладување на секаков вид на подлога, како и 6 технологии на поврзување, особено безжичен полнач за смартфон.

Copyright William Crozes @ Continental Productions

Новиот SUV C5 Aircross кој се произведува во Франција во фабриката во Рен – новиот ќе биде комерцијализиран во Европа и во останатиот дел од светот до крајот на 2018, а ќе биде и прво возило на Citroën кое ќе нуди верзија Plug-In Hybrid PHEV кон крајот на 2019.

Copyright William Crozes @ Continental Productions

По неверојатниот успех на C3 Aircross со продадени 80 000 возила, потоа C5 Aircross, комерцијализиран во Кина и продаден во 40 000 примероци, како и C4 Aircross претставен на крајот на април на Саемот во Пекинг, Citroën ја продолжува својата SUV офанзива со европска комерцијализација на C5 Aircross.

Copyright William Crozes @ Continental Productions