February 16, 2015

НОВ DS 5 : ИНКАРНАЦИЈА НА МАРКАТА DS

Премиерно на Саемот во Женева 2015

Авангарден стил, динамично однесување и ексклузивност, избор на high-tech технологија, новиот DS 5 ги поседува сите атрибути на автомобил DS на денешницата и на утрешнината. Адмиралскиот брод DS воведува идентитет на марката и нов изглед напред, како и бројни промени кои се составен дел на DS !

Вертикално поставена маска со уметничка изработка на логото DS поставено во средината, светлата со Xenon Full LED, екранот осетлив на допир од најнова генерација и мотори со високи перформанси… само неколку од новитетите на новиот DS 5.

Од Европа до Кина, DS 5 го одбележува духот на секој поединечно. Новиот DS 5 ги поместува границите во висина со новиот изглед на лицето со авангарден стил, израз на ексклузивност и целосна посветеност на детали, смирено и динамично однесување својствено за еден DS, и технологија од високата гама во служба на дизајнот и перформансите. Со еден збор, ова возило магнетизира!

« Новиот DS 5  е повеќе од нов автомобил. DS автомобилот го лансира нашиот нов идентитет на марката. 60 години по оригиналниот DS, новиот DS 5 ги има сите гени на DS и пред сè ја афирмира нашата цел : спој на високата гама на француски начин ! » Ив Бонефонт, Генерален директор на марката DS