June 13, 2016

НОВ CITROËN JUMPY : ХЕРОЈ НА СЕКОЈДНЕВИЕТО

Комерцијализиран во 1995 и произведен во околу 600 000 примероци, Citroën Jumpy со вистински генерациски скок влегува во нова етапа со најновиот Citroën Jumpy. Со богато искуство од 80 години во светот на лесни комерцијални возила, Citroën создава адаптирана солуција за секоја употреба и примена. Неодминлив партнер на сите професионалци, Новиот Jumpy е осмислен да биде ефикасен и ергономичен и секогаш во служба на едноставна употреба и сигурност.

Новиот Citroën Jumpy го содржи во себе најдоброто од знаењето на Citroën. Ремек-дело во светот на лесни комерцијални возила со комплетирање на понудата на пазарот која се состои од четири возила кои се разликуваат меѓусебе: Nemo, Berlingo, Нов Jumpy и Jumper.

Новата прилагодлива платформа на новата генерација на Jumpy се карактеризира со нова оптимизирана архитектура која гарантира корисни перформанси, комфор и безбедност. Во себе ги поседува најновите технологии за помош во управувањето како и мотори кои прават од него идеален партнер за « херој на секојдневието ».

Наменет за професионалците ( занаетчии, изградба, испорака, колективи, услужни претпријатија …), се произведува како фургон, комби, продлабочена кабина и плато кабина. Нуди три должини (XS : 4,60 m, M : 4,95m и XL : 5,30m), за секој проефесионалец да си одбере возило според своите потреби и својот бизнис.

Новиот CITROËN Jumpy претставува :
– дизајн со модерни и флуидни линии. Карактерен стил кој истовремено е енергичен и релаксирачки;
– ефикасна архитектура прилагодена на потребите за функционалност, практичност и ергономичност. Модуларна платформа EMP2 која гарантира 1400 kg корисна носивост, 6,6 m 3 зафатнина на товарен простор и можност за влечење до 2,5 t ;
– 3 должини на располагање покрај двете најбарани должини од 4,95 m и 5,30 m во понудата е и оригинална верзија со должина од само 4,60 m која е истовремено компактна и практична. Покрај двете должини M и XL, верзијата XS нуди корисна носивост до 1400 kg за превоз до 9 лица во верзија комби;
– висина од 1,90 m кај верзиите XS и M за поедноставен пристап во паркинзите ;
– оригинална модуларност во сегментот со Moduwork. За едноставно секојдневие, овој модел нуди подигнување на совозачко седиште и и можност за отворање на дел од на преградата и добивање корисна должина до 4 m. Масичката за пишување може да се насочува во повеќе насоки, а држачите за масичката и смартфонот прават од вашето возило вистинска подвижна канцеларија;
– странични лизгачки врати hands free. Оригиналност на пазарот во сегментот за поедноставни процеси на товарање и растоварање. ;
– комфор кој гарантира уживање на духот и телото со подигната поставеност на возачкото место како и бројни и практични места за чување на предмети. Со појачана звучна изолација која се надоврзува на оптималниот комфор во возењето;
– технологии кои го поедноставуваат животот од примерот на Top Rear Vision, за одлична прегледност при управувањето, приказ на информации во висина на поглед во боја и CITROËN Connect Nav, со екран на допир;
– технологии за сигурност: прилагодлив регулатор на брзина, гласовно препознавање на знаците за ограничување на брзина и за препорака, предупредување за возачот и Active Safety Brake ;
– Нивоа на потрошувачка и емисија на CO 2   « Best in Class » во сегментот (BlueHDi 115 S&S BVM6 : 5,1 l/100 km и 133 g CO 2 ) со најнова генерација на Diesel моторите 1, 6 l и 2 l, со моќност од 95 КС (210 Nm) со мануелен менувач до 180 КС (400 Nm) со автоматски менувач EAT6;
– бројни можности за трансформација меѓу кои се издвојува трансформацијата 4×4 која се реализира од страна на специјалистот Automobiles Dangel.