April 22, 2014

НОВ CITROËN JUMPER, НАЈДОБРОТО ОД УМЕШНОСТА НА CITROËN НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БИЗНИСМЕНИТЕ

НОВ CITROËN JUMPER, НАЈДОБРОТО ОД УМЕШНОСТА НА CITROËN НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БИЗНИСМЕНИТЕ

CITROËN Jumper, вистински комерцијален успех, продаден во повеќе од 800 000 примероци од лансирањето, се обновува и навлегува во нова ера. Новиот CITROËN Jumper е дизајниран со примена на најдоброто од знаењето и умешноста на CITROËN. Вештина целосно применета во гамата на лесни комерцијални возила со најголема понуда на пазарот составена од четири надополнувачки но сепак различни возила: Nemo, Berlingo, Jumpy и Jumper.

Новиот CITROËN Jumper целосно се интегрира во оваа гама со:

 

модерен дизајн со практична примена, со лице напред кое изразува динамичност и издржливост со новите светла со DRL со LED, со карактеристични линии на капакот на моторот и заштитнички браници. Новиот CITROËN Jumper, дизајниран во согласност со идентитетот на марката со архитектура и ергономичност кои се истакнуваат со едноставна примена, и особено во секојдневниот процес на товар/растовар со зафатнина корисност/габаритност на највисоко ниво. Со ширина на товарен простор помеѓу премините на тркала од  1,42 m и корисна ширина од 1,87 m, новиот CITROËN Jumper е најдобар во категоријата;

комфор како репер во сегментот, со понуда на оптимално возачко место, седиште со варијабилно амортизирање, наслони за раце, лумбално подесување  со менувач поставен на командна табла како и табла за пишување со можност за подигнување. Новиот CITROËN Jumper, поседува најнова генерација на конекција со Connecting Box (hands-free Bluetooth приклучок USB) премиерно во категорија, со екран осетлив на допир во боја 5’’, нови функции за навигација и камера за движење на наназад;

технологии за поголема сигурност, интелигентна контрола на влечење, систем Hill Descent Control (контрола на брзина при надолнина), програмирачки регулатор и ограничувач на брзина, предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија и сензор за намален притисок во пневматици, за поголема релаксираност во секојдневните обврски;

докажан квалитет и контролиран буџет, повеќе од 4 милиони километри изминати на тестирање на неговата издржливост и доверба. Новиот CITROËN Jumper, гарантира исто така и контролирани трошоци за одржување со намалување на потрошувачката на гориво до 15 % во споредба со претходната генерација, но и уред Stop&Start кај моторите e-HDi 130 и e-HDi 150 со заштеда на гориво од 0,5 литар во градска употреба.

Квалитетот е составен дел кај сите верзии на CITROËN Jumper, од затворен фургон до комби верзија, за да ги задоволи потребите на најразличните бизниси.