March 12, 2014

НОВ CITROËN C1, ДОЖИВЕЈ ГИ ПРЕДНОСТИТЕ НА ГРАДОТ

На саемот во Женева, CITROËN премиерно го претстави, новиот CITROËN C1 како редизан на својот best-seller продаден во над 760 000 примероци од неговото лансирање во 2005.

Прекрасно и ослободено од секакви предрасуди, ова ново градско воизло, се нуди во верзија со 3 врати и 5 врати, како и со нов изглед со подвижен покрив, нарачен Airscape. Со изразен карактер, новиот CITROËN C1 веднаш се забележува и истакнува. Нуди оптимистички одговор на потребата за урбана подвижност и се запишува како редизајн на CITROËN.

Новиот CITROËN C1 претставува :

–           повеќе дизајн со енергичен и разигран изглед и прониклив поглед благодарение на изработката на неговите светла. Двобојните верзии и обоени ентериери го истакнуваат неговиот ентузијастички карактер полн со живот. Нема сомнеж, ова нова возило е дел од семејството на новите CITROËN. Со својот оригинален стил и неодоллива « фигура  » ве привлекува уште на прв поглед;

–           повеќе комфор во секојдневието, со компактни димензии (само 3,46 м), за поголема подвижност и управливост (со радиус на завртување од 4,80 м) кој овозможува да се движите и протнувате насекаде. Комфор во потпирањето на највисоко ниво и беспрекорно држење на патот ;

–           повеќе корисна технологија за олеснување на животот, опрема со едноставна употреба како на пример таблет осетлив на допир од 7’’, или пак технологија Mirror Screen за преснимување и управување со вашиот smartphone со помош на таблетот осетлив на допир. Новиот CITROËN C1 може да поседува и систем за пристап и старт, камера за движење наназад како и помош при тргнување на нагорнина за уште поголема сигурност и смиреност;

–           разумен буџет, со маса од 840 kg со бензински мотор од најнова генерација се позиционира на највисоко ниво во сегментот според потрошувачката  и емисијата на CO2.

На пазарот во Македонија ќе биде достапен во втората половина на годината.