March 26, 2015

НАЈДОБАР СЕРИСКИ АВТОМОБИЛ НА САЕМОТ ВО ЖЕНЕВА ОД СТРАНА НА МАГАЗИНИТЕ AUTO PLUS И RTL

НАЈДОБАР СЕРИСКИ АВТОМОБИЛ НА САЕМОТ ВО ЖЕНЕВА ОД СТРАНА НА МАГАЗИНИТЕ AUTO PLUS И RTL

Само што беше претставен а веќе награден!
Премиерно претставен на меѓународниот Саем на автомобили во Женава, Новиот DS 5 е избран за ‘Најдобар сериски автомобил на саемот’ од страна на магазините Auto Plus и RTL.
Многу важно одликување за еден автомобил – кој ќе биде комерцијализиран во јуни 2015 во Европа – како и за марката DS - кој е во полн развој и пораст.

По концепт возилото DIVINE DS, награден во септември со  ‘Најдобар concept car’ на Саемот во Париз, сега е на ред и Новиот DS 5.

Меѓународно претставен на Саемот во Женева, новиот DS 5 – адмиралскиот брод на марката DS –  ја доби нагрдата за ‘Најдобар сериски автомобил на Саемот’ доделена од Auto Plus и RTL.

Оваа награда е резултат на гласовите на читателите, слушателите и интернет посетителите на овие два медиуми, кои имаа можност за петнаесет денови да одберат автомобил кој ќе им го плени срцето. За овој конкурс, во конкуренција од четиериесетина новитети поделени во четири различни категории: сериски автомобил, еколошки автомобил, concept car и возило кое го обожуваат најмладите.

Во конкуренција од 14 автомобили
Новиот DS 5 собра 30 % од гласовите во својата категорија.

Авангарден стил  – со вертикална и уметнички изработена маска -, елеганцијата и посветеноста на деталите, технологиите ‘high-tech’ – имиџот на светлата со технологија DS LED Vision и возачко место во стилот на cockpit со екран на допир од 7’ -…исто така ги превлекоа учесниците.