May 12, 2016

НА 21 И 22 МАЈ, CITROËN ГО ПРОСЛАВУВА ЛАНСИРАЊЕТО НА E-MEHARI И ГИ ПОКАНУВА СИТЕ ПАРИЖАНИ НА ПЛАЖАТА ВО БАСТИЛЈА !

НА 21 И 22 МАЈ, CITROËN ГО ПРОСЛАВУВА ЛАНСИРАЊЕТО НА E-MEHARI  И ГИ ПОКАНУВА СИТЕ ПАРИЖАНИ НА ПЛАЖАТА ВО БАСТИЛЈА !

Еден месец пред да пристигне летото, сите на плажа во центарот на Париз на средба закажана од Citroën : #PlageDeLaBastille
Монденското место ќе се претвори во плажа овој викенд 21 и 22 мај. Духот ‘Feel Good’ на марката ќе се претстави со забавни активности 100 % бесплатни и достапни за сите без да се заборави и тест возењето на електричниот слободен дух од гамата на Citroën, E-MEHARI.

Во мај 1968, Citroën претстави сосема несекојдневен автомобил, Méhari. Во мај 2016, марката го претставува E-MEHARI, кабриолет, 4 седишта 100 % електричен , со нови изненадувања организира забава на плочник, плажа…
Затоа плоштадот Бастилја во Париз Citroën ќе го претвори во плажа за време на викендот на 21ви и 22ри мај. ‘Teaser’ за овој настан на социјалните мрежи ќе вè држи во неизвесност до последен момент : #PlageDeLaBastille

Нема потреба да се чека летото за бесплатна забава:
– Пробно возење,
– Игри на плажа.
– Одморање на лежалки и сончеви чадори.
– Забава за деца со замоци и цртежи.
– Музика DJ Westerly на 21 мај и DJ Seb A на 22 мај.
– Изложба посветена на E-MEHARI и на оригиналниот Méhari.
– photocall E-MEHARI, сликање со возилото и учество во наградна игра со споделување на слики на социјалните мрежи