June 26, 2014

MULLER, LÓPEZ И LOEB НАПРАВИЈА ШОУ ВО SPA

- Трката што се одржа на пистата во Spa-Francorchamps, беше последната европска етапа на WTCC и беше во знакот на целосна доминација на Citroën Racing.
- Yvan Muller е возач кој забележа најмногу поени благодарение на пол позицијата, една победа и едно второ место.
- José-María López му препушти два поени за време на целиот викенд. Второпласиран во трката 1, аргентинецот ги вложи сите напори за да победи во вториот дел од трката.
- Sébastien Loeb ја продолжи реколтата со качување на подиумот со третото место.

За овој прв летен викенд, сонцето не отсуствуваше на кружните писти во Spa-Francorchamps. Охрабрени од синото небо, бројните посетители ги разубавуваа легендарните  белгиски трибини.

Првите тројца рангирани, Yvan Muller, Sébastien Loeb и José-María López ги имаа сите карти за постигнување на одлични резултати во првата трка.  По гаснењето на црвените светла, трите C-Elysée WTCC ја започнаа битката со свиоците уште од самиот почеток по истиот редослед.

Уште во втората трка, José-María López го нападна Sébastien Loeb. Деветкратниот светски шампион во рели се бранеше со голем авторитет но оваа битка му овозможи на Yvan Muller да си обезбеди мала предност. Без да се обесхрабри, Pechito се обидуваше во  повеќе наврати да го помине Seb, но без успех!
На половина од трката, разликата помеѓу  Yvan Muller и неговите тимски колеги се продлабочи. Не потклекна, и ја заврши трката на третото место, López ги штедеше своите пневматци затоа што предвидуваше голем отскок во последниот круг! Побрз во Raidillon, аргентинецот го изненади својот претходник  на првото сопирање во Combes.

Citroën C-Elysée WTCC забележа трократен успех вторпат сезонава! Четвртото возило, Ma Qing Hua ја помина целта на единаесеттата позиција, борејќи се со одлепеното ветробранско стакло во вториот дел од трката.

Иако првиот дел беше анимиран, вториот ветуваше уште поголем спектакл со превртени решетки за првите десетмина. Осми, José-María López беше поставен пред Sébastien Loeb и  Yvan Muller. Ma Qing Hua повторно се втурна од седмата линија.

Покрај турбуленциите во првите свиоци, водачот не жртвуваше ништо. Tom Coronel го заокружи првиот круг на чело пред Monteiro, Chilton, Bennani, Tarquini, López, Muller, Valente и Loeb. По едноставни подесувања на аеродинамиката за зголемување на максималната брзина, José-María López го искористи моментот за да го започне соето шоу. Четвртопласиран при вториот премин, го претекна Chilton а потоа и Monteiro и ја зазема втортата позиција во петтиот круг. Два круга подоцна, го помина и лидерот веднаш пред Raidillon!

Yvan Muller не заостануваше: возачот од Алзас вложи огромни напори да се искачи до  втората позиција на три круга пред целта. Откако изгуби малку време барајќи отвор на Valente, Sébastien Loeb се постави во top 5. Соочен со проблем на моторот, Ma Qing Hua се откажа по четвртиот круг.

По трикратните победи во квалификациите и во трката 1, потоа со двојната победа во трката 2, Citroën Racing оствари идеален резултат на Светксиот шампионат за производители. Разликата со вториот е поголема од 200 поени.

ИЗЈАВИЈА

Yves Matton, Директор на Citroën Racing : « За еден белгијанец, да ја види својата екипа со толку многу поени во Spa-Francorchamps претставува вистински емотивен момент. Верувам дека треба да бидеме горди на начинот на кој што ги остваривме нашите победи. Raidillon претставува оригинален предизвик затоа што се соочивме со неповторливи технички феномени. Екипата умешно и вешто ги омекнуваше, а нашите возачи го искористија потенцијалот на Citroën C-Elysée WTCC. Не можевме да се надеваме на подобро на затворањето на европската сезона. Иако паузата ќе биде подолга, сепак сме нетрпеливи да ја продолжиме оваа успешна сезона во целиот свет. »

Yvan Muller : « Откако се одделив од пол позиција, морав да направам вистински залет во првата трка. Бев претпазлив во првиот круг, пред да нападнам поинтензивно за да се поставам надвор од опсегот на аспирацијата. Pechito и Seb беа во жестока битка, со што мојата задача стануваше полесна. Моето второ тргнување не беше одлично, но сепак не ја загубив позицијата. Трката беше навистина тешка, но се борев да ги поминам конкурентите  и да се искачам на втората позиција. Нашиот C-Elysée WTCC одлично се покажа овој викенд, нашата брзина во Raidillon и Blanchimont ни овозможија да нападнеме во Combes и во Bus Stop. »

José-María López : « Не требаше ништо да пропуштиме во првата трка ! Sébastien многу брзо беше во вториот и третиот сектор а моите пневматици почнаа да се истрошуваат многу брзо. Сè вложив во последниот круг и функционираше одлично. Ова второ место е многу важно за мене, но сепак запаметен ќе биде трикратниот успех. Во вториот дел, беше возбудливо со Valente во првите свиоци. Се допревме, но возилото беше OK и сфатив дека имам подобри перформанси од останатите. Се здобив со голема предност во Bus Stop и може да кажам дека сите мои ривали се докажаа со спортскиот дух. Оваа победа е неверојатна ! Иако Yvan ми зеде два поени, ова е одлична операција за шампионатот. Но ќе повторам : ситуацијата е деликатна и покрај разликата »

Sébastien Loeb : « Уживав во првата трка … до последниот круг! Pechito беше навистина брз во Raidillon така што бев свесен за неговата закана. Како и вообичаено, ја затворив вратата, но тој успеа да помине ! Во вториот дел, не успеав да се изборам за место во играта и загубив многу време зад Valente. Кога поминав, разликите беа преголеми и не можев да направам ништо подобро од петтото место »

Ma Qing Hua : « Ова не беше мој ден. Успеав да поминам неколку места на почетокот на првата трка. Но по неколку круга, моето ветробранско се одлепи и немав прегледност на патот. Се борев со Chilton и Borkovic, но завршив без поени. Во вториот дел, морав да се откажам заради проблем со моторот. »

ПЛАСМАН

ТРКА 1
1. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
2. José-María López (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Sébastien Loeb (Citroën C-Elysée WTCC)
4. Gianni Morbidelli (Chevrolet RML Cruze TC1)
5. Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1)
6. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
7. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
8. Gabriele Tarquini (Honda Civic WTCC)
9. Dusan Borkovic (Chevrolet RML Cruze TC1)
10. Tom Chilton (Chevrolet RML Cruze TC1)
11. Ma Qing Hua (Citroën C-Elysée WTCC)
MT : Yvan Muller en 2’26’’579

ТРКА 2
1. José-María López (Citroën C-Elysée WTCC)
2. Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
3. Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1)
4. Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
5. Sébastien Loeb (Citroën C-Elysée WTCC)
6. Gianni Morbidelli (Chevrolet RML Cruze TC1)
7. Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
8. Gabriele Tarquini (Honda Civic WTCC)
9. Hugo Valente (Chevrolet RML Cruze TC1)
10. Tom Chilton (Chevrolet RML Cruze TC1)
MT : José-María López en 2’26’’679

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВОЗАЧИ
1. José-María López 255 поени
2. Yvan Muller 216 поени
3. Sébastien Loeb 190 pts
4. Tiago Monteiro 125 поени
5. Gabriele Tarquini 105 поени
12. Ma Qing Hua 33 поени

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ

1. Citroën Total 597 поени
2. Honda 392 поени
3. Lada 202 поени