August 1, 2018

МАКОТРПНАТА РАБОТА СЕ ИСПЛАТЕШЕ

45-ТО РЕЛИ ВО ФИНСКА, ОД 26 ДО 29 ЈУЛИ

МАКОТРПНАТА РАБОТА СЕ ИСПЛАТЕШЕ

Уште отсега целосно посветен на следната сезона, Citroën Total Abu Dhabi WRT го освои второ заслужено место со Mads Østberg. Ова трето качување на победничкиот подиум во сезоната, по второто и третото освоено место во Шведска и Мексико е потврда за високото ниво на перформанси на возилото C3 WRC.

ПРИКАЗНА ОД ТРКАТА

Со четири апсолутни победи (2008, 2011, 2012, 2016) освоени на ова свето место на брзина, кое налага особена прецизност и доверба на возачите, Црвените често ја докажуваат својата вредност во трките со примена на несекојдневен стил.  Сезоната 2018 не отстапува од ова правило! Уште од shakedown, Mads Østberg, беше убеден дека го поседува најдобриот автомобил досега виден на овие трки, и се постави на првите места, следен секогаш од својата сенка Craig Breen. Норвежанецот се постави на втората позиција во ES 2, додека на ES 4 беше на чело благодарение на првиот scratch. Со две одлични времиња во попладневните часови, ја имаше командата во првите четири chronos, пред да ја заврши првата етапа на второто место на само 5’’8 од Tänak, победникот. Во меѓувреме Craig Breen имаше прблеми со пневматикот (ES 2), поради што мораше да отстапи 47’’8 и да ги изгуби сите шанси за главната улога, како и местоположбата на стартната линија  (3-трет на патот во наредните два дена). Но штом условите постанаа поволни,  ирецот ја искористи и најмалата можност за да се истакне и наметне со scratch во ES 8, како и со одлични перформанси во Power Stage (+1’’7 на само 11,12 km), за да на целта пристигне на осмата позиција. При второто учество годинава, по Аргентина, Khalid Al Qassimi поради грешка, во саботата наутро мораше да се наврати и да заврши на Rallye 2. Во меѓувреме, Mads Østberg успешно ги одбиваше постојаните напади од Jari-Matti Latvala, трикратен победник на таа трка, и успеа да сочува 5’’4 предност во однос на финалната табела, и покрај хандикепот што мораше со себе да носи уште едно резервно тркало. Со новото најдобро време, четврто за викендот, триесетгодишниот скандинавец, не остави никави сомнежи за неговите намери: до последните сили да му пркоси на Latvala, за да може со второто место да го наметне својот втор најдобар резултат на ова легендарно рели, по две трети места (2013 и 2015).